Во 2013 година во Србија, поточно во нејзиниот јужен дел, ќе се почне со изградба на најголемата соларна централа во целиот свет. Вредност на инвестицијата е 3 милијарди долари!
Компанијата од Луксембург “Securum equity partners” одлучи да го искористи енергетскиот потенцијал на соларната енергија, која е во Србија за 30% поголема отколку во западна Европа. Централата ќе има инсталирана моќност од околу 1000 MW и ќе биде поставена на околу 3000 хектари. Според овие податоци можеме да заклучиме дека оваа централа ќе биде двојно поголема за разлика од сегашниот лидер – соларната централа во Калифорнија.
Реализацијата на оваа инвестиција ќе почне веќе од јануари 2012 кога ќе се почне со собирање на неопходни дозволи за самата изградба на соларната централа. Самата изградба на централата ќе почне од јуни 2013 година, а крајот на изградбата ќе биде 2015 година.
„Во споредба со Германија, Србија има 40% поголем соларен потенцијал“, истакна Иван Матејак, претставникот на компанијата “Securum equity partners”
На прашање зошто оваа компанија се одлучи да инвестира во соларна централа во Србија, Матејак изјави дека пресуден беше фактот дека компанијата доби поддршка од страна на државните институции како и фактот дека Србија има соодветна електроенергетска инфраструктура.
„Во оваа почетна фаза на проектот имавме неколку прелиминарни состаноци со претставниците од Електро мрежата на Србија . Од нив добивме поддршка за нашата инвестиција како и гаранции дека приклучувањето на централата на самата мрежа нема да претставува никаков проблем“, изјави Матејак.
Иста така, претставниците на оваа компанија изјавија дека самата централа нема да има негативни влијанија на животната средина и дека нема да има негативни влијанија на земјоделието.
2 Comments
Branislav Lazik
ha, kade se nasite "tragaci po stranski investicii", gledajki ja gografskata strana, nie verojatno imame i povekje potencijal, a "drzavni hektari" kolku sakas…. Edna vakva centrala bi mozela da ja pokrie cela Makedonija,…. da cekame, mozebi i na politicarite ke "im tekne"
Dimcevski Aleksandar
Pa ne ke mozat od sonceto mito da zemat. Uste od toa nemaat zemeno.