По повеќе неделен пробен период, во Инѓија, град оддалечен околу 50 километри од Белград, со редовна работа почна нова „зелена“ фабрика за производство на енергија, која што користи животински отпад.
Оваа фабрика е најмодерна и најиновативна единица за управување со животински отпад во Србија и работи во склад со српски и стандарди на Европската Унија. Носителот на проектот е компанијата „Енерго Зеленa“, компанија која што е создадена од страна на белгиската компанија “Electrawinds” и од страна на неколку инвеститори од Србија. Белгискиот партнер учествува со 64% во вкупниот проект.
Оваа фабрика се нарекува и фабрика со нулти количество на отпад, бидејќи вкупниот отпад се искористува за производство на енергија. Основната суровина, претставува отпад создаден во кланичната индустрија.
Изградбата на оваа фабрика почна уште во 2011 година, а вредноста на инвестицијата изнесува 21 милион евра. Покрај позитивните ефекти на животната средина, оваа инвестиција има и позитивни економски и енергетски ефекти – фабриката во прва фаза вработи 32 работници, а со проширувањето на капацитетот на погонот ќе се отворат и нови работни места.
“Electrawinds” е интернационална енергетска компанија, која што се занимава со производство на енергија од обновливи извори на енергија. Исто така оваа компанија дизајнира решенија која со која што се решаваат проблемите со управувањето на органскиот отпад.