Српската Агенција за енергетика (AERS) го одложи претставувањето на новиот тарифен систем за електрична енергија, кој што требаше денес да биде претставен.
Како се вели во соопштението на агенцијата, јавната расправа за новиот тарифен систем е одложена, бидејќи новата уредба во врска со енергетски заштитениот купувач која што требаше да биде усвоена од страна на српската влада, не ги опфати оние домаќинства која што се греат на електрична енергија.
„Јавната консултација во врска со Методологијата за одредување на цената на електричната енергија за јавно снабдување се одложува се додека не се овозможи адекватно решение за оние потрошувачи кој што ја користат електричната енергија за греење“, јавуваат од српската Агенцијата за енергетика.
Новиот тарифен систем треба да донеси промени во односот помеѓу високата дневна и ниската ноќна тарифа. Исто така новиот тарифен систем треба да ги постави новите граници на црвената тарифа, односно број на потрошени киловати за кој што ќе се наплатуваат највисоките цени на електричната енергија.
Како што пренесуваат српските медиуми, новиот тарифен систем предвидуваше да ноќната ниска тарифа во црвената зона биде до 3 пати поевтина од поскапата дневна тарифа. Во актуелниот тарифен систем тој однос е 4:1. Исто така новиот тарифен систем предвидуваше и пониска граница за влегување во црвената зона – наместо со 1.600 kWh во црвената зона би требало да се влези со потрошени 1.200 kWh.
Според стариот тарифен систем за двотарифни бројила, цената на киловат часот во зелената зона (потрошувачка до 350 kWh) изнесуваше 5 динари во повисоката дневна тарифа (≈2,75 денари), додека цената на киловат часот во ноќната тарифа изнесува 1,25 динари (≈0,69 денари)
Во плавата зона (потрошувачка помеѓу 350 – 1600 kWh) цената на киловат часот во дневната тарифа се наплатува по 7,52 динари (≈ 4,13 денари), додека цената на киловат часот во ноќната тарифа се наплатува по цена од 1,88 динари (≈ 1,03 денари).
Во црвената зона (потрошувачка над 1600 kWh) цената на киловат часот во дневната тарифа се наплатува по 15,04 динари (≈8,25 денари), додека цената на киловат часот во ноќната тарифа се наплатува по цена од 3,76 динари (≈2,065 денари).
Сите цени за домаќинства се без вкалкулиран износ на ДДВ во вредност од 20%.
Уредбата за енергетски заштитен купувач, според изјавите од српското ресорното министерство за енергетика е спремно и ќе се усвои во наредните 10 дена. Оваа уредба овозможува на социјалното загрозени фамилии одредено количество на бесплатни киловат часови и одредено количество на природен гас.
Но независно од измените на тарифниот систем, во Србија се очекува поскапување на цената на електричната енергија за околу 10%.