Инсталираната моќност на новите американски централи во јануари 2013 година изнесува 1.231 мегавати. Сите овие мегавати поттикнуваат од обновливи извори на енергија. Како што известува американскиот интернет портал „Renewable Energy World.com“, според податоците на Сојузниот секретаријат за енергетска регулација ново инсталираните капацитети за производство на електрична енергија поттикнуваат исклучиво од обновливи извори. Тоа значи да новите централи не користат ниту природен гас, јаглен, нафта, ниту пак се работи за големи хидроцентрали.
Новите капацитети ја користат ветерната енергија (шест централи со вкупна инсталирана моќност од 958 мегавати), сончевата енергија (16 постројки со вкупно инсталирана моќност од 267 мегавати) и биомаса (6 постројки со вкупна моќност од 6 мегавати). Со ново изградените капацитети, учеството на централите кој што користат обновливи извори на енергија се зголеми за шест пати – минатата година вкупната инсталирана моќност на овие централи изнесуваше 431 мегавати.
Структурата на производните капацитети кој што ги користат обновливите извори на енергија, денес во С.А.Д. е следна – 8,5% хидро капацитети, 5,17% ветерни централи, централи на биомаса 1,29%, сончеви централи 0,38% и геотермални централи 0,32%. Од друга страна централи кој што користат фосилни горива учествуваат со следен процент во вкупните капацитети – термоцентрали на мазут 3,54%, нуклеарни централи 9,23%, термоцентрали на јаглен 29,04% и термоцентрали на природен гас со 42,37%.
Кина не заостанува со користење на обновливи извори на енергија
Производството на електричната енергија која што поттикнува од ветерните централи го престигна производството на електричната енергија која што поттикнува од нуклеарните централи. Кина последните години интензивно инвестира во искористувањето на ветерната енергија. Резултат на овие инвестирање се огледаат во 100 TWh на електрична енергија произведени од страна на ветерните централи. Earth Policy Institute известува како во последните пет години вкупен број на инсталирани ветерници порасна за повеќе од 70% во однос на нуклеарните капацитети.
Во 2011 година Кина планираше да изгради нови 29 нуклеарни реактори, но по катастрофата во Фукушима сите тие планови паднаа во вода. Мораториум кој што беше поврзан за изградба на нови нуклеарни капацитети истекна во октомври 2012 година, така да се планира изградба на нови нуклеарни централи но само со реактори од третата генерација. Овие генератори се карактеризираат со подобра технологија на согорување, стандардизиран дизајн кој што овозможува полесно одржување на реакторите.
Основниот проблем кој што Кина го има со изградба на новите реактори е неискуство во изградба на истите, така да тешко дека ќе го исполни планот со кој што се планира изградба на нуклеарни централи со инсталирана моќност од 40.000 мегавати до 2015 година.
Од друга страна ветерната енергија е застапена со 5,3% во вкупното производство на електрична енергија. Овие капацитети ги задоволуваат само 2% на вкупните кинески потреби за електрична енергија. Во минатите две години е изградено над 19.000 мегавати на нови ветерни централи, но главниот проблем во нивното приклучување претставува стара и неприлагодена електро енергетска мрежа.