Американската компанија CWP планира да започне со изградба на ветерен парк во Србија, поточно во непосредната близина на местото Ковин. Изградбата би требало да започне во 2013 година, а првите киловати се очекуваат во 2014 година. Вкупната инсталирана снага на ветерниот парк ќе изнесува до 170 мегавати. Вредноста на инвестицијата изнесува околу 300 милиони евра.
Околу 200 милиони евра е обезбедено по пат на кредити одобрени од меѓународните финансиски институции, додека остатокот на инвестицијата е обезбеден од страна на компанијата и нејзините партнери. CWP очекува дека во февруари 2013 година ќе ја добие градежната дозвола, а почеток на градежните работи се планира во март. Покрај првата фаза на инвестицијата, кој што опфаќа изградба на ветерен парк со инсталирана моќност од 170 мегавати, компанијата планира и дополнителни капацитети, поточно изградба на дополнителни ветерници со инсталирана моќност од 150 мегавати.
Но оваа опција се сè уште планира и таа зависи пред се од одлуката на Владата на Република Србија во врска со стимулирањето на производство на енергија од обновливи извори и од одлуката поврзана за зголемувањето на квотата за откуп на електрична енергија добиена од ветерните паркови.
Уредбата за повластен откуп на електричната енергија добиена од обновливите извори, важи до 31 декември оваа година, а како што најавува ресорното министерство во припрема е нова уредба со која што ќе се регулираат цените на откуп на електричната енергија добиена од обновливите извори. Онаа што е интересно во врска со планираната изградба на ветерниот парк, е дека локалната самоуправа ќе добива 2% од вкупните приходи од продажба на произведената електрична енергија – 1.5% ќе идат директно во општинската каса, додека останатите 0.5% ќе иди во касата на месната заедница.