Вчера во Србија беше поделен прв пасош за енергетски ефикасна зграда. Имено се работи за станбена зграда изградена во белградската населба „Степа Стапановиќ“. Оваа зграда е категоризирана во „C“ енергетски разред, со годишна потрошувачка од 56kWh по еден метер квадратен, што е за скоро 2/3 помалку од поголем број на изградените згради во Србија.
На доделувањето на пасошот присуствуваше српскиот министер за градежништво и урбанизам Велимир Илиќ и директорот на Градежната индустрија на Србија Небојша Шурлан. Министерот изјави дека енергетската ефикасност е еден од главните фактори на просперитетот на државата. Тој исто така истакна, дека покрај изградба на енергетски ефикасни објекти, сите други објекти кој што се изградени во минатиот период треба да бидат реконструирани.
Илиќ изјави дека домашната градежната индустрија само на реконструкцијата на објектите може да вработи околу 100.000 работници кој што би се занимавале на реализација на подобрата изолација на објектите. Исто така додаде дека државата ги анализира можностите за помоќ на граѓаните кој што сакаат да ги изолираат своите објекти.
Од Градежната дирекција на Србија изјавија дека во тек е процедура на издавање на енергетски пасоши за сите згради во белградската населба „Степа Степановиќ“, каде објектите имаат термо изолација и дограма која што ги намалува енергетските загуби.
Според направените анализи, воведувањето на енергетските пасоши ќе ја зголеми цената на изградбата за околу 5%, но повратот на инвестицијата, по пат на намалената потрошувачка на енергија може да се очекува за период од 5 до 6 години.