Како што Ви е веќе познато, сончевата енергија можеме да ја искористиме за добивање како на топлинска (сончеви колектори) така и на електрична енергија по пат на сончеви панели (познати и како фотоволтаици, фотонапонски панели). Овие сончевите панели се составени од поголем број на сончеви ќелии. Самата снага на поединечна сончева ќелија е мала од 1 до 2 Wp и како такви не би можеле да имаат поширока примена. Поради тоа овие ќелии се поврзуваат во поголеми целини, кој што се нарекуваат сончеви модули или сончеви панели.
За да се добие што поголема моќност на модулите, истите се поврзуваат во така наречени фотонапонски панели, а истите во поголеми централи кој што имаат капацитет од неколку мегавати. Од ова можеме да заклучиме дека сончевите панели претставуваат поле од 30 – 36 сериски или паралелно меѓусебно поврзани ќелии. Кога сончевото зрачење падне на самата површина на сончевата ќелија, истата произведува напон од околу 0.5V, така да вкупниот напон на сончевиот модул изнесува помеѓу 15-18V
Доколку два 40Wp сончеви панели, кој што даваат напон од 16V и струја од 2.5A, ги поврземе паралелно тие ќе даваат напон од 16V и струја од 5A, а доколку ги поврземе сериски ќе даваат напон од 32V и 2.5A. Без разлика како ќе ги поврземе моќноста ќе биде иста – 80W. Како што можеме да забележиме со паралелното поврзување на панелите се зголемува струјата (амперажата) на вкупниот систем, а со сериското поврзување се добива поголем напон.
Поголем дел на произведените сончеви панели се изработени од кристален, поликристален или аморфен силициум во вид на тенок филм. Во последно време се експериментира со CaTe и органски сончеви ќелии. Во моментот најголемата ефикасност на сончевите панели е постигната во лабораториски услови и изнесува околу 43%.
Сончевите модули мораат да издржат екстремно високи и екстремно ниски температури, влага (целиот систем е вакуумски затворен) како и механички удари (град). За кристални, моно и поли силициумски модули (како и GaAs модули) производителите нудат 10 гаранција на 90% на моќноста, додека по 25 години на 80%.