Меѓународната академија за астронаутица ја заврши првата меѓународна студија која треба да го даде одговорот дали е можно соларна централа во вселената.
Иако заклучокот на студијата е дека таква вселенска соларна централа ќе биде технички изводлива за 10 до 20 години, сепак останува забелешката дека многу пречки ќе мора да бидат премостени дотогаш, како економската исплатливост на системот.
Основниот концепт зад оваа идеја е поставување на голема платформа во вселената, во висока орбита околу Земјата, која постојано би апсорбирала сончева енергија и бија претворала во електрична. Потоа оваа енергија бисе пренесувала преку безжичен преносен систем до приемниците на Земјата.
Една од најголемите пречки, се разбира, е трошокот за пренос и поставување на системот. Се претпоставува дека евтин начин на превоз од Земјата до орбита ќе биде возможен дури за 20-30 години, користејќи ги сегашните лабораториски технологии. Исто така, малку веројатно е дека една држава или корпорација ќе може да ги покрие трошоците за изградба на една вселенска соларна централа, па авторите на студијата веруваат дека меѓународна корпорација ќе биде неопходна за овој проект да се реализира.
Истражувачите заклучуваат дека ќе мора да се направат обемни истражувања во областа на искористување на соларната енергија во вселената, придружните технологии, како и донесување измени во националните и меѓународните политики кои би го регулирале работењето на вакви системи. То би опфаќало разни вселенски агенции, компании, универзитети и невладини организации.
Теоретски гледано, бидејќи платформата и соларните колектори би собирале сончева енергија 24 часа на ден и не подлежат на временски услови како и промена на годишните времиња, еден вселенски соларен систем би требало да произведува многу повеќе електрична енергија отколку конвенционалните соларни централи на земја.