Во секој момент во Македонија има по некој отворен фонд од каде може да се добијат средства за финансирање на проекти од животната средина и екологија. Следните неколку се отворени за здруженијата на граѓани за Македонија и поединци кои се занимаваат со оваа тематика. Дел од фондовите се однесуваат и на други области покрај животната средина, така што и некои други видови на организации би можеле да конкурираат за реализација на нивни проекти.
– OAK Foundation. За проекти со оваа фондација може да се аплицира од цел свет. Покриваат многу области меѓу кои животна средина и екологија. Не е наведен крајниот рок за аплицирање. За повеќе информации овде.
– Повикот за прекугранична соработка со Албанија е отворен веќе некое време и дококу веќе вашата организација нема најдено партнер има уште неколку месеци за наоѓање и аплицирање. Крајниот рок за аплицирање е 23 февруари 2012. Повеќе информации на линк1 и линк2.
– Повикот FP7-Materials for Green Cars – 2012 е повик кој се однесува на истражувачи и на истражувачка дејност. Дел е од FP7 промграмата. Повикот е отворен до 1 декември 2011. За повеќе информации овде.
– Германска амбасада секогаш поддржува проекти кои се од општ интерес во Македонија. Отворени се за речиси секаков вид на соработка; информации на следниот линк.
Во мометот ова е сè што е отворено за аплицирање. Ако имате допонителни информации пишете нѝ и ние ќе ги објавиме. Светска Банка во Македонија е уште еден голем донатор на средства за НВО проекти така што пратете ги повиците кои доаѓаат, можете да добиете грант од нив доколку имате издржан проект за аплицирање. Доколку сакате повеќе информаци за финансирање на зелени проекти следниот линк ќе ви биде од голема корист. Тука се наоѓа листа од поголемите донатори на ваков вид на проекти.
One Comment
Анонимен
Почитувани,
Ме радува што постои оваа страница со разни информација од областа на енергетската ефикасност.
Мене ме интересира следно .Дали во Македонија постои владина или друга подршка во форма на грант и меки кредити за инвестиранје во капацитет за производство на пелети од био маса за горенје.
Јас сум заинтересиран за инвестирање во мини постројка со капацитет до 300 кг/час која би чинела до 70.000 еур.без инфраструктура во градежи.
Ве молам ако постои таква можност пишете ми на Е-маил.
Поздрав,
Трајко Шејкероски
Прилеп,
070/427 633