Паралелно со зголемувањето на цените на енергенсите и електричната енергија се зголеми интересот за енергетската ефикасност и технологијата кој иди со неа. За брзо време речиси во рекордно време разни иноватори и производители почнаа да нудат разни решенија со кои би дошло до значително подобрување на енергетската ефикасност. Иако голем број на такви решенија не се покажаа на начин како што беа рекламирани, еден дел сепак се покажаа како вредна инвестиција која ги оправдува очекувањата на купувачите.
Едно од решенијата за енергетска ефикасност за резиденцијални корисници кое плени со својата едноставност и практичност ни доаѓа од компанијата Белкин. Wemo switch е интелегентен свичер чија цел е да го рационализира искористувањето на електричната енергија. Овој гаџет има сензор кој може да се програмира да вклучува/исклучува уреди автоматски секој пат кога ќе има движење во собата, со помош на Wemo app да се регулира работата на сите уреди кои се приклучени на него или комбирано. Wemo App e ајфон апликација со која може да се контролира работата на секој уред кој е приклучен на Wemo switch. Без разлика на локацијата се додека сте поврзани на интернет со нејзина помош речиси и да нема никаква шанса да се заборави пегло, светло, електричен шпорет, телевизор или било кој уред да работи безпотребно.
Закажувањето на разни уреди како систем за греење да започнат со работа порано не е воопшто проблем и тоа е уште еден од плусовите кои идат со оваа апликација. Единствен услов како што е спомнато погоре е безжична интернет конекција дома и интернет конекција на смартфонот без која не е возможна контрола. Со еден клик може да се осигурате дека за време спиење ниедно светло подома не е вклучено, дека никој не го користи компјутерот, дека телевизорот е заборавен или било кој друг уред работи а не би требало. Накратко речено апсолутна моќ врз сите апарати подома.
Како и тоа да не е доста од Белкин се погрижиле да работата на овој уред ја однесат уште едно ниво погоре нудејќи интеграција на истата со интернет социјални медиуми преку интернет сервис наречен IFFT (If This Then That). Како пример за одреден event на Фејсбук да се вклучи некој уред дома, да се вклучат светлата дома во моментот кога ќе се исклучи сонцето или да доколку некој влези дома а тоа е детектирано од Wemo да добиеш смс. Што, како и колку ќе се искористи оваа технологија и нејзините потенцијали пред се зависи од корисникот и од неговите интереси.