Европската кампања за енергетски паметни згради „Вратете ја Вашата енергија„ (Take your energy back!) започна по пуштање во работа на сајтот https://www.takeyourenergyback.eu/
Кампањата ги повикува граѓаните, сопствениците на зградите и властите да заедно соработуваат, комуницираат, за да направат се што е во нивната можност да направат енергетски паметни згради. Оваа кампања исто така ја поддржува кампањата во С.А.Д. „Smart-e Buildings“ иницирана од страна на американскиот претседател Обама.
Проектот има за намера да го искористи големиот потенцијал на заштеда на енергија кај зградите. Енергијата која се потроши во зградите изнесува околу 40% од вкупната потрошена енергија во ЕУ, што е повеќе од било кои други сектор, повеќе дури и од транспортниот сектор. Тој огромниот потенцијал мора да се искористи, за да се реализираат целите на енергетската политика на ЕУ до 2020 година.
За да се реализираат планираните цели во енергетската политика на ЕУ, мораат да се вклучат сите „играчи„ од областа на градежништво: изведувачите, сопствениците на згради и законодавците. Поради тоа, локалните власти во соработка со Европската индустрија на градежништво, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, ги здружија своите сили и како резултат на ова, понудија нов иновативен алат, кои ќе им овозможи на луѓето да ја „вратат„ својата енергија. Кампањата ќе биди активна 2 години, а самиот сајт ќе функционира и по завршетокот на кампањата.