Град Скопје во понеделник ќе одржи презентација на финалната верзија на “Акциониот план за енергетски одржлив развој (СЕАП) на Град Скопје “ што ќе претставува основа за идното планирање на активностите и мерките на полето на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија на подрачјето на градот.
Изработката на акциониот план за енергетски обновлив равој е една од главните обврски од “Повелбата на градоначалниците“ чиј потписник е и Град Скопје. Презентацијата на акциониот план ќе ја одржат претставниците на Регионалната енергетска агенција на Северозападна Хрватска од Загреб и Македонскиот центар за енергетска ефикасност (МАЦЕФ) од Скопје.
Извор: НЕТПРЕС