Ладење и вентилација на станбените објекти
Природна вентилација
Најевтин начин на ладење на домотт е природниот, односно со циркулација на воздухот од поладните кон потоплите соби.
Природната вентилација преку отворени прозорци и балконски врати е најинтензивен начин на природна вентилација.
Треба да се има на ум дека краткотрајното проветрување со целосно отворање на вратите и прозорците е извонредно од аспект на на заштита од настинка и заштеда на топлинска енергија за греење, за разлика од трајното проветрување низ полутворен прозорец или врата. Доволно е на еднакви временски интервали, на пример на секој час, да се отвори прозорецот целосно на 5-10 минути, и со тоа да се измени комплетната количина на застоениот воздух.
5 до 10 минути
1 до 5 минути
30 до 60 минути
ПОВЕЌЕ ЗА ПРИРОДНАТА ВЕНТИЛАЦИЈА
Природна вентилација е вентилација кај која доаѓа до замена на воздухот заради ефектот на оџак (струење) без употреба на механички и други уреди. Предностите на ваков тип вентилација се малите инвестициски трошоци, едноставно одржување, мала енергија за напојување, мала брзина на струење на воздухот и ниско ниво на бучава. Недостатоци се мала ефикасност, мала можност за управување, како и зависноста од временските услови. Таа се одвива преку инфилтрација на воздух низ отворите околу вратите и прозорците, нивно отворање, како и замена на воздухот преку вентилациски канали.
ИНФИЛТРАЦИЈА НА ВОЗДУХОТ
Воздухот продира низ процепите на затворените врати, прозорци и балконски врати, а во мал дел и преку надворешните ѕидови. Процесот на инфилтрација на свеж воздух во просторијата зависи од големината на процепите на прозорцие и надворешните врати. Во станбените простории во зима бројот на измени на воздухот се движи од 0.3 до 0.8 пати за еден час. Поновите градби кои тежнеат кон подобра термоизолациска способнос на прозорите често имаат само 0.1 измена на час. Овој тип на вентилација не е доволен и реба да се комбинира со отворање на врати и прозорци.
ВЕНТИЛАЦИЈА НИЗ ОТВОРЕНИ ПРОЗОРЦИ И/ИЛИ БАЛКОНСКИ ВРАТИ
Природната вентилација со отворање на прозорци и балконски врати е најинтензивен начин на природна вентилација. Приближниот број на измени на воздухот кои можат да се постигнат со примена на различни комбинации на отворање и затворање на врати или прозорци се прикажани во табелата, додека на сликите погоре прикажани се начините и временскиот период потребен целиот воздух во просторијата да се смени.
Положба на крилата на вратите и прозорците | Број на измени на воздухот во еден час (h-1) |
Прозорец затворен, врата отворена | 0 – 0.5 |
Прозорец отклопен, ролетни спуштени | 0.3 – 1.5 |
Прозорец отклопен, без ролетни | 0.8 – 4 |
Прозорец полуотворен | 5 – 10 |
Прозорец целосно отворен | 9 – 15 |
Прозорец и врата целосно отворени (попречно проветрување) | ~ 40 |
ВЕНТИЛАЦИЈА НИЗ КАНАЛИ
Природна вентилација низ канали значи измена на воздухот во просторија без прозорци, низ вертикален ѕидан вентилациски канал кои се изведуваат од собата до покривот. Треба да се има на ум дека ваков тип на вентилација функционира исправно само ако е обезбеден постојан дотек на свеж воздух во соодветни количини.
(Продолжува)