Механичка вентилација
За да се спречи ширењето на непријатна миризба и влага од кујната или купатилото, потребно е да се вградат аспиратори во кујната, над шпоретот, како и вентилатори во купатилото. Филтрите и вентилаторите во аспираторите треба редовно да се чистат. Заради нечистотии воздухот поминува низ нив многу потешко, со што се зголемува потрошувачката на енергија. Треба да се проверува и чистотата на надворешните отвори. За да се осигурате дека вентилаторите ќе работат само тогаш кога е потребно, вградете комбинирани прекинувачи со кои при палење на светлото во купаилото, ќе се вклучи и вентилаторот, додека после гасење на светлото, вентилаторот да се исклучи по неколку минути. И аспираторот може така да се поврзе со светлото над шпоретот.
При градењето на нова куќа треба да се обезбеди природно или механичко вентилирање на поткровјето. Тоа е нужно за отстранување на влагата од просторот и топлинаа во летниот период кога температурата во поткровјето може да достигне и до 50оC.
Во домаќинствата во Македонија сѐ уште не се градат централизирани системи за вентилација со канален развод, меѓутоа, со намалување на пропустливоста на обвивката на зградите заради намалување на топлинските загуби, централните системи за вентилација ќе станат вообичаени. Таков систем е неопходен на пример, кај пасивните куќи.
Најевтин облик на ладење на куќата е со природна циркулација на воздухот од поладните кон потоплите простории. Меѓутоа, природната вентилација не е секогаш применлива, па затоа може да се инсталира вентилатор кој присилно ќе го придвижува воздухот во просторијата во која престојуваме. Собните вентилатори придонесуваат за топлинската рамнотежа во летниот период така што ја зголемува брзината на струење на воздухот и ја подобрува размената на топлина меѓу човековото тело и околниот воздух. Треба да се нагласи дека собните вентилатори ги ладат само луѓето, додека температурата на воздухот во собата останува иста.
МЕХАНИЧКА ВЕНТИЛАЦИЈА
Механичка вентилација е присилна измена на воздухот во затворен простор преку вертикални канали со помош на вентилатор. Таква вентилација се изведува во подрачја каде што има силни ветрови или во услови кога нема природна вентилација, односно кога таа не е доволно делотворна. Предности на оваа вентилација се: не зависи од временските услови, голем избор на опрема, можност за регулација, како и поедноставен процес за проектирање на системот. Недостатоци се големите инвестициски трошоци, големата потрошувачка на енергија како и големата бучава. Се дели на вшмукувачка, притисочна и притисно-вшмукувачка.
ВШМУКУВАЧКА ВЕНТИЛАЦИЈА
Во станбените простории механичката вентилација се остварува со вшмукување на воздухот од санитарните простории и кујната при што заради намалениот притисок во просторијата влегува свеж воздух од надвор или од соседните простории.
ПРИТИСОЧНА ВЕНТИЛАЦИЈА
Спротивно на вшмукувачката вентилација, уредите за притисочна вентилација доведуваат надворешен воздух во просторијата која се вентилира. Во неа се одржува повисок притисок во однос на соседните соби и околината, што спречува доток на нечист воздух во собата, односно вишокот воздух од нејзе струи кон соседните соби или кон прозорците и надворешните врати. Во зима потребно е воздухот кој се доведува претходо да се загрее приближно до собна температура со помош на грејачи за воздух. Основни делови на системот за вентилација се вентилатор, грејач и филтер за воздух, како и канал за довод. Недостаток на притисочната вентилација е неможноста за враќање на топлинаа од воздухот во собата.
Вентилацијата што влијае на квалитетот на воздухот влијае и на ефикасната употреба на енергијата. Загубите во вентилацијата зависат од бројот на измени на воздухот. Со намалување на бројот на измени на воздухот од 1 на 0.5h-1 може во објектите со ниска топлинска заштита да се заштеди енергија и до 1/4, додека кај нискоенергетските куќи со висока топлинска заштита и до 1/3.
Разладни единици
Ако купувате клима уред, купете од енергетска класа „А“. Не купувајте поголем уред од оној кој Ви е потребен.
При купувањето на клима уред обрнете внимание на на факторот на ладење или греење. Што поголем е факторот, толку уредот е енергетски поефикасен.
Разликата меѓу надворешнаа и внатрешната температура не би требало да е поголема од 7oC од здравствени причини.
За секој степен пониска температура наместена на термостатот на климатизерот, тој троши 3-5% повеќе енергија.
Најефикасни уреди кои денес можат да се најдат на пазарот се клима уреди со инвертор, кои постигнуваат заштеда од 20-40% во однос на класичните (во зависност од произведувачот). Инверторските уреди работат со полна снага до постигнување на посакуваната температура, а после тоа не се исклучуваат туку го прилагодуваат својот фактор на ладење и така ја одржуваат саканата температура. Со тоа се избегнува нагла промена на температурата како и наглото вклучување и исклучување на уредот, што дополнително ја зголемува потрошувачката.
Надворешната единица треба по можност да се монтира на северната страна од објектот или барем негде каде не е под директна сончева светлина. На колку поладно место се наоѓа надворешната единица, толку поефикасна ќе биде.
Не ги ладете просториите во кои не престојувате. Спуштете ги ролетните, кога е тоа возможно, за да го спречите директното влегување на сончева светлина. Тоа ќе ви ги намали потребите од ладење.
Затворете ги прозорците при ладење. Доколку треба да ја проветрите собата, претходно исклучете го клима уредот.
При изборот на клима уред посоветувајте се со стручњак и не купувајте уред поголем од оној кој Ви е потребен. Врз изборот на капацитетот на уредот влијаат повеќе фактори, како: големина на просторот, топлинската изолација на собата, бројот на луѓе кои престојуваат во неа, како и бројот на топлински извори (на пр. шпорет, фрижидер, електрични уреди, компјутери…).
При купување на уред обрнете внимание на факторот на ладење или греење (означен со EER или COP) кој воглавно се движи во границите од 2.5 до 4. Колку е тој фактор поголем, толку уредот е енергетски поефикасен. Факторот на ладење или греење нѝ покажува колку повеќе енергија добиваме од уредот од електричната енергија што тој ја троши за напојување.
Поставување на прениска температура на регулаторот на клима уредот во летниот период нема смисла, со оглед на тоа што ќе трошите повеќе енергија од обично, заради зголеменото издвојување на влага од воздухот во внатрешната единица. Бидејќи поголем дел од енергијата ќе се троши на одвојување на влага од воздухот, капацитетот на уредот за ладење значително се намалува. Затоа температурата треба да се нагоди на 23-24oC. За секој степен пониска температура наместена на термостатот на климатизерот, тој троши 3-5% повеќе енергија.
Одржувајте го Вашиот клима уред, менувајте ги филтрите и чистете ги внатрешната и надворешната единица. Клима уредот треба да го одржува овластено лице.
(Крај)