Во среда 19 јуни во Струга ќе се одржи „Зелен саем“. Саемот ќе се одржи на чаршискиот мост од 13 – 16h. Оваа манифестација се одржува во рамките на проектот „Посвој го паркот“ (Adopt a park).
Проектот е финансиран од страна на Американската амбасада преку Alumni Engagement Innovation found и е имплементиран од страна на State Department Alumni од Македонија. Партнери на проектот беа Локалната агенција за развој, како и следните средни училишта: „5та Приватна гимназија“, „Нико Нестор“, „Ибрахим Темо“, и „Јахја Кемал“ од Струга.