Планираната изградба на најголемиот сончев парк во Европа, кој што требаше да се изгради во јужна Србија, се одложува за неколку месеци. Компанијата Securum Equity Partners & Associates која што е инвеститор, ја одложи изградбата поради недостиг на адекватна локација. Од друга страна од ресорното Министерство за енергетика, изјавија дека на инвеститорот се понудија локации кој што се 10 пати поголеми од колку што се барањата на самиот инвеститор.
Инаку инвеститорот планира изградба на сончева централа со инсталирана моќност од 1000 MW. Вредноста на инвестицијата се проценува на 1,28 милијарди евра и една е од најголемите светски инвестиции во сончева енергија. Сончевите панели нема да бидат поставени на една, туку на повеќе различни локации. Инвеститорот ги планираше локациите во околијата на Врање, Димитровград и Пирот. Од Министерството за енергетика, порачуваат дека тие ја завршија својата работа.
Дејан Трифуновиќ, помошникот на министерката за енергетика, изјави дека државата на инвеститорот му понуди листа со локации кој што имаат површина од 30 илјади хектари. Парцелите се лоцирани во јужна и централна Србија и дека очекуваат дека инвеститорот ќе ја започне планираната изградба.
Од друга страна, Securum Equity Partners & Associates, кој што потпиша договор со Владата на Република Србија, изјави дека ги прегледаа сите понудени локации и дека ќе упатат ново барање на нови локации. Алесио Колуси директорот на Securum Equity Partners & Associates, изјави дека понудените 30 илјади хектари кој што се понудени од државата, непогодни за изградба на планираниот сончев парк.
„Терените не се погодни поради положбата, нивото на земјиштето. За жал само 135 хектари можат да се искористат за реализација на инвестицијата. Ние сме заинтересирани за напуштените копови на Колубара и на Костолац, кој што ги посетивме заедно со претставниците на Министерството за енергетика“, објаснува Колуси
За изградба на планираниот сончев парк, планирани се исклучиво запуштени парцели, земја што не се користи, но истото мора да исполни неколку предуслови за да биде искористено за изградба на сончеви централи – како климатски, така и инфраструктурни. Србија има поволни услови за искористување на сончевата енергија, бидејќи сончевото зрачење е за 40% поголемо од зрачењето во средна Европа. Најповолни се локациите во јужна Србија (нека се спуштат уште подолу па кај нас нека направат).
2 Comments
Florin Agai
Dali kaj nas drzavata dava parceli za soncevi centrali
Предраг Стојковски
Претпоставувам дека би дала земјиште по одредена цена. Инаку српската Влада, понуди земјиште али не бесплатно туку за одреден надомест.