Големи пари од зелени бизниси
Во време на економска и финансиска криза е доста тешко да се најде соодвенто вработување или да се започне сопствен бизнис. Инвеститорите потешко се одлучуваат да инвестираат во отворање на нови капацитети, граѓаните имаат намалена платежна моќ, банките тешко се одлучуваат за поддршка на бизнисите со поволни кредити итн. Сепак една индустрија без разлика на сите овие неповолности продолжи да расте. А тоа е таканаречената зелена индустрија. Поддршката за зелените бизниси доаѓа од сите страни на различни начини. Повеќе не се гледа на овој тип на бизниси како на нешто кое е економски неисплатливо, а во исто време се инвестира колку за да се подобри имиџот на некоја компанија како еколошки свесна и како еден вид мала поддршка за почиста и поздрава околина. Денес сликата е сосема поразлична одколку пред 7-8 години. Денес т.н. зелената индустрија е една од најкомпетитвната индустрии после IT индустријата.
Во продолжение ќе бидат презентирани дел од можностите за како би можел просечниот Македонец да искористи од можностите кои се нудат со новите технологии и да биде дел од овој тренд во бизнисот. Имено, накусо ќе бидат презентирани во кои мали зелени бизниси може да се влези без некоја преголема инвестиција. Сега ќе бидат накусо опишани дел од можностите за инвестирање во мали зелени бизниси. Дел од нив можат да се започнат и со помалку од 1.000 евра, а за дел таа сума е поголема и зависи од повеќе фактори. Во наредните написи барем еднаш неделно ќе има по еден текст за некој зелен бизнис кој ќе биде подрдржан со мал мини бизнис план како да се развие бизнисот. Притоа, со осврт на пазарот и можностите во Македонија, достапната технологија, можности за финансирање на бизнисот, потребна едукација и сл. Сето тоа поддржано со бројки и анализи кои соодејствуваат на опшествените и економските прилики во Македонија. Еве дел од можностите:
1. Инсталатер на соларни панели. Соларните панели за топла вода се тренд како во светот така и кај нас последните години. Од година во година бројот на домови, бизниси и институции кои вградуваат соларни системи се зголемува, така што може да се смета како на пазар кој расте и има голем потенцијал. Имено, лесно може да се обучите за овој вид на работа, минимални средства се потребни за алат и опрема, Македонија има споствено производство на соларни панели. Со мала инвестиција се нуди можност за голем бизнис. Повеќе околу ова во некој нареден текст.
2. Производство на пелети. Со оглед на растечката цена на дрвото и на сите енергенси кои се користат за згревање, пелетите се најефикасниот начин за загревање на домовите. Пазарот е со голем потенцијал и опремата може да се набави по поволни услови. Ако до пред неколку години речиси и да не знаеше никој што се тоа пелети, денес тие се повеќе од реалност и се користат во многу домови. Повеќе и подетално во некој нареден текст.
3. Откупен центар за секундарни суровини. Пластиката и хартија денес се на голема цена и многу луѓе го знаат тоа и ги развиваат своите бизниси благодарение на тој факт. Со мала инвестиција може да имате сопствен откупен центар за секундарни суровини. Без разлика што има барем по еден откупен центар речиси во секој град има големи можности и за почетници.
Ова е само еден дел од потенцијалните зелени бизниси за отворање. Доколку сакате да научите за сите продолжете да не следите.