Со пролета (конечно) започна и градежната сезона. Сигурно забележавте се поголем интензитет на поставување на термо-изолација. Исто така забележавте дека во најголем број на случаеви се поставува стиропор, како еден од дефинитивно најдобрите термо-изолациони материјали. Но денес ќе зборуваме за камена волна како подеднакво квалитетна алтернатива.
Но најпрвин да почнеме од самиот почеток, поточно од моментот на избор на термо-изолација. Кога избираме каков материјал ќе користиме за изолација, треба да идеме со почетната идеја – а тоа е да избереме оној материјал кој што ќе ни обезбеди услови на здраво и угодно живеење. Изолација на фасадата е голема финансиска инвестиција, па понекогаш од тие причини се одлучуваме за поевтини материјали, кој што не можат да донесат очекувани заштеди.
Како што напишав на самиот почеток, стиропорот веќе стана и синоним за поставување на топлинска изолација. Но покрај стиропорот, постојат и други изолациски материјали кој што можат да се искористат. Еден од нив е и камената волна. Со своите карактеристики ги исполнува сите предуслови за квалитетна изолација на фасадата:
Топлинска заштита и заштеда
Поволна вредност на коефициентот на топлинска спроводливост (λ = 0,036 W/mK)
Донесува големи топлински заштеди. Изолацијата се исплатува кроз неколку години.
Отпорност на оган
Производи од камена волна се класифицирани во А1 категорија со која што објектите изолирани со овој материјал достигнуваат висок степен на заштита на оган.
Пареапропусност
Оваа карактеристика овозможува „дишење“ на надворешните ѕидови и овозможува поминување на вишокот на водената пареа и влагата од внатрешните ѕидови и просторот. Со оваа се спречува развој и појава на мувлата која што може да има негативни последици кон човековото здравје.
Бучава
Поради својата влакнеста структура, која што овозможува „апсорпција“ на звукот, камената волна ги задоволува највисоките барања во поглед на звучна изолација.
Еластичност
Камената волна како еластичен материјал има висока отпорност на удари и висока способност на „амортизирање“ на удирите.
Отпорност на хемикалии и инстекти
Камената волна е отпорна на хемикалии и инсекти кој што можат да се настанат во некој други изолациски материјали.
Стабилност и истрајност
Камената волна е стабилен изолационен материјал како на ниски така и на високи температури или на нагли температурни промени. Не старее, не се дроби ниту се распаѓа.
Извор на текстот и сликата: zelenaenergija.org
2 Comments
Gligor
Super tekstov kako pamfletce za kamena volna. Se postavuva osnovnoto prashanje ako stiroporot e dobar zoshto voopshto pishuvate za kamenata volna??? Zashto ako na pazarot ima stiropor nekoj da upotrebuva kamena volna???
Dokolku avtorot saka da ja pogodi temata ili smeta deka kamenata volna oma odredeni prednosti nad stiroporoy stvarno treba da gi istakne istite. Najubavo bi bilo vo nekakva sporedba.
Ane
Zdravo. I mene me interesira koja izolacija e podobra i zosto. Dali mozi da se napravi sporedba.