Биоетанол претставува еден вид на алкохол, кој се добива по пат на преработка на кој било вид на биомаса кој во себе содржи голем процент на јаглени хидрати (скроб, шеќер итн). Биоетанолот може да се добие од шеќерната репка, пченката, пченица…како и од други билки.
Биоетанолот има долга историја на употреба како гориво. Бразил уште во почетокот на 20 век го мешал биоетанолот со бензин, заради намалените резерви на нафтата. Денеска Бразил и С.А.Д. произведуваат 85% од светското производство на етанол.
Процесот на производство на биоетанол
Првиот чекор е ситно мелење/сечкање на билките, а сѐ со цел на полесен транспорт и ферментација на истите.
Вториот чекор е хидролиза, каде биомасата се меша со разредена сулфурна киселина, заради создавање на кратка форма на шеќерни синџири.
Целулозната хидролиза, со помош на ензимите, целулозата ја претвора во глукоза.
Ферментација на глукозата е микробна ферментација на шеќерот од скроб и целулоза. Ферментацијата се постигнува со помош на бактерии или со квасец. Тие шеќерот го претвораат во етанол. Како нуспроизвод, се добива и CO2.
По овој процес, етанолот се собира и потоа се прави дехидрација, со која ја отстрануваме водата од етанолот.
Сите остатоци добиени од овој процес, можат понатаму да се користат како гориво по пат на нивно согорување.
Извор: ЕКОИСТ