11. Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизацијаКако што најави Валентина Димитрова оперативниот директор во Скопскиот саем, кој што е организатор на оваа манифестација, се очекува учество над 300 компании од земјата, регионот и пошироко. Исто така се очекува и посета на голем број на инвеститори во рамките на REALEXPO. Организаторите очекуваат посетеност од над 15.000 лица.
На саемот за градежништво, на кој што ќе се промовираат компании од оваа дејност, како од Македонија така и од странство, ќе се нудат производи и услуги за работа, модернизирање, одржување и опремување објекти и имоти. Акцентот ќе биде ставен на новите материјали кој што обезбедуваат зголемена енергетска ефикасност. Последниот ден на саемот Агенцијата за енергетика ќе ги презентира енергетските пасоши.
На саемот на недвижнини, ќе се понудат над 3.000 станови кој што се изградени во Скопје, Охрид и Струмица од повеќе домашни и од една странска компанија. Покрај понуда на нови станови, на саемот ќе бидат промовирани и поволни услови за купување станови преку кредити од комерцијалните банки.
По прв пат оваа година на саемот ќе биде организирана и наградна игра за посетителите – „Награда за надоградба“.На најсреќните посетители ќе им се доделат вредносни ваучери во вредност од 700, 500 и 300 евра во денарска противредност, кои ќе можат да ги искористат за производи од програмата на изложувачите на Саемот на градежништво 2014.