1. Enercon Е-126 е ветро турбина со најголем капацитет. Таа била изградена во 2007 година, може да произведе 7.58MW, има вкупната висина од 198 метри и со дијаметар од 126 метри.
2. Fuhrlander Wind Turbine Laasow е највисоката турбина на ветер во светот со височина од 205 метри.
3. Европа е лидер во производството на енергија од ветер од офшор фарми со ветерници. Thanet Offshore Wind Project во Велика Британија со 100 турбини на ветер има капацитет за производство на 300 мегавати и е најголемата офшор фарма на ветер во светот.
4. Shepherds Flat Wind Farm во САД е најголемиот ветро парк во развој со 845 мегавати.
5. Gansu Wind Farm во Кина е најголемиот предложениот проект со 20.000 мегавати електрична енергија капацитет.
6. Во Данска 20% од вкупните потреби за енергија се покриваат од ветерници.
7. Една турбина на ветер може да произведе доволно електрична енергија за напојување 300-400 куќи.
8. Вкупниот инсталиран капацитет од фарми со ветерници во САД е повеќе од 40.000 мегавати.
9. Офшор турбина на ветер може да се инсталира во вода до 30 метри длабочина. Во моментот се работи на технологија со која ќе можи да се инсталираат ветерници на далбочина до 60 метри.
10. Производството на електрична енергија од турбини на ветер е најбрзо растечка форма на производство на електрична енергија во САД.
11. Животниот век на една турбина на ветер е помеѓу 20 и 30 години.
12. Офшор фармите со ветерници произведуваат повеќе електрична енергија од класичните ветерници кои се на суво. Исто така факт е дека кај офшор ветерниците ветерот е посилен и поконстанстен.
13. Ветерната енергија првпат се користела за придвижување на чамци на реката Нил 5000 години пред нашата ера.
One Comment
Бојан
Дали постои можност да се вгради мала ветерница на приватен имот за сопствени потреби, и колку би чинела една таква мала ветерница со многу мал капацитет.. Поздрав