Реупотребата на апаратите и предметите кои ја отслужиле својата основна намена е најдоброто нешто што може да се направи после ислужувањето на работниот век на било која направа или предмет. Една од можеби економски најисплатливите и најдобрите реупотреби е на бродските контењери. Со мали зафати и за мали суми истите се претвораат во домови за живеење, работни простории, гаражи, складишта, продавници и сл. Нивната доста едноставна правоаголна конструкција е основа која им дава голем простор за работа на најкреативните. Иако и кај нас се нудат ваков тип на контењери освен на некои градилишта каде што се користат како простории за работниците речиси и да ги нема. Така во Македонија според некои наши информации треба да се издвојат 200 евра по метар квадратен за монтажен контењер во кој има вклучено пвц прозор. пвц врата, ламинат, електрична инсталација, зиден панел. Во продолжение неколку навистна импресивни реупотреби на бродски контењери низ светот кои можеби ќе послужат како инспирација за вакви градби во Македонија.
5. Со помош на 32 контењери се добиени 12 канцеларии/студија кои се достапни за изнајмување. Дизајнери за внатрешен интериер, архитекти, издавачи на списанија се оние кои најчесто изнајмуваат простор од The Box Office.
4. Архитектот Бернард Морин е подпишан на следниот проект. Имено тој заедно со својата жена се одговорни за изработката на оваа уникатна викендица која плени со својата уникатност и оригиналност. За негова изработка се употребени 7 бродски контењери. Денес овој брачен пар има компанија која се занимава со дизајн и изградба на објекти составени од бродски контењери.
3. Keith Dewey искористил 8 контењери за да направи дом за живеење за него и за неговот семејство. Инспириран од тоа што го направил тој покасно направил своја компанија за изработка на резиденцијални објекти од бродски контењери. Станбениот објект има 185 квадратни метра и денес се продава за $698.000 долари.
2. Контењерскиот град во Лондон (Container City, Trinity Buoy Wharf, London) е веројатно најпознатиот комплекс во светот изграден од бродски контењери. Проект започна уште во 2001 година и оригинално имало само три спрата комерцијални и резиденцијални простории. Поради големиот интерес е изграден и четврт спрат од комплексот при што се стигнало до 20 употребени контењери. Сепак изведувачите на проектот повторно не сакале тука да престаната па така е направен Container City II кој се состои од 30 контењери кои биле искористени за изработка на 22 станбени единици.
1. Сепак рекордот во реупотребени контењери за градење не e срушен од страна на Container City комплексите, туку од страна на RiverSide Building која е на 5 спрата а се состои од 73 контењери.