Пред нешто повеќе од година дена беа напишани едни од најчитани и најкоментирани текста на порталот Енергетска Ефикасност: Брикети и пелети: Бизнис прилика или сон и Брикети од струганици. Речиси една година покасно следуваше уште еден вирален напис Како ги добиваме пелетите кој исто така побуди големо внимание и голем број на меилови и коментари. Трите написи меѓусебе има повеќе од 240 коментари плус веројатно уште толку прашања поврзани со тие теми од написите стигнаа преку електронска пошта. Во продолжение со помош на еден мал прашалник со одговори верувам дека ќе се дојде до одговор на едно поголемо прашање – Дали брикетите и пелетите се сеуште бизнис прилика или не?
Има ли побарување за пелети/брикети во Македонија?
Побарувачката за пелети и брикети никогаш не била поголема од годинава и впечаток е дека таа ќе расте и во годините кои доаѓаат. Според фирмите кои нудат горилници за пелети/брикети интерес има голем како за нивните горилници така и за набавка на пелети и брикети. Она што е заедничко за сите е што речиси сите ги увезуваат пелетите/брикетите воглавно од Србија. Ланската грејна сезона дури се јави и недостаток од пелети на пазарот за кој беше пишувано во некои медиуми. Поентата е дека е отворен пазар со постојана и растечка побарувачка и има простор за секој оној кој сака да се занимава со производство на пелети и брикети.
А има ли доволно суровина на биомаса во Македонија за производство на пелети/брикети?
Искористеноста на потенцијалот на биомасата во Македонија сеуште се движи во едноцифрени проценти. Според енергетскиот биланс, биомасата учествува со 6% од вкупната примарна енергија, односно 9,5% од вкупната потрошувачка на енергија. Дрвото е најупотребуван ресурс од биомасата во Македонија и речиси исклучиво се користи во домашниот сектор.
А има ли во Македонија од каде да се набави соодветна опрема за обработка на биомаса и производство на пелети/брикети?
Опрема има и е достапна. Факт е дека полека низ Македонија почнува да се раѓа по некој мал капацитет за обработка на биомаса и производство на пелети/брикети. Има опрема достапна за сите заинтересирани за помали како и за оние заинтересирани за поголеми постројки. Опрема од Кинеско, опрема произведена од Европска Унија, Опрема произведена во соседна Србија па дури и имаме (непроверена) информација за опрема која се произведува во Македонија. За сите заинтересирани кои не знаат од каде да почнат, енергетска ефикасност има секција опрема каде покрај другото има опрема за обработка на биомаса и производство на пелети/брикети.
А од каде пари?
Кога сме кај парите се знае тие каде се – кај банките. Во моментот најповолните кредити со најниски каматни стапки се оние кои се наменети за т.н. зелени бизниси. Како додаток на тоа има и финансиска помош во форма на грант програми (неповратни средства). За една комплетна постројка за обработка на биомаса и производство на брикети се нуди покривање до 50% преку ИПАРД програмта со тоа што ова е ограничено само на регистирани земјделски стопанства. За останатите порано имаше слични грант програми каде што се покриваше дел од трошокот за една таква инвестиција кои за жал денес повеќе ги нема.
А ќе ги купуваат ли моите пелети/брикети, дали ќе бидат конкурентни со увозните?
Како што е погоре споменато побарувачка има и се очекува таа да расте. Со оглед на цената на дрвата за огрев која расте со растот на другите енергенси, впечаток е дека приматот најевтин енергенс за греење ќе го добијат пелетите и брикетите. Што се однесува до увозните пелети/брикети тие се произведени со истата технологија која се нуди секаде во светот, па и кај нас. Плус кај увозните пелети/брикети има транспортни трошоци за да се донесат до потрошувачите во Македонија за кои во исто време е платена и одредена царина. Од друга страна Македонската биомаса едноставно се фрла како отпад, за неа не би имало такви транспортни трошоци а би се произвела со слична ако не и идентична опрема. Со оглед дека Македонија и Србија (од каде се увезуваат големи количин пелети) имаат комплементарни стопанства нема причина да не се верува дека во Македонија не би се произвеле пелети/брикети исти по квалитет а по пониска цена.
А од каде да почнам?
Како и за секоја друга работа така и за оваа треба некој план. Сите оние сериозно заинтересирани за бизнис план за производство на пелети/брикети веќе се на правото место. Слободно пишете на нашата контакт форма.
….А да, само уште ова
Изработка на бизнис план за производство на пелети/брикети не е бесплатна
2 Comments
mile
Stavete link ve molam od kade jasno se cita i gleda deka ovaa investicija e prifatliv trosok vo ipard programa, ako najdete odma pravime biznis plan kaj vas :)))))
Предраг Стојковски
Здраво Миле,
Еве подетално за ИПАРД програмата пишувавме уште пред 7 месеци прочитајте го текстот за искористување на ИПАРД програмата или пак контактирајте не.
Со почит,
Предраг Стојковски