Пред неколку дена, објавивме информација, дека владата донесе одлука за нови откупни цени за произведената електрична енергија добиена од обновливите извори на енергија. И колку што се потенцијалните инвеститори во сончевите централи незадоволни со намалените цени за електричната енергија, добиена од фотоволтаичните централи, толку потенцијалните инвеститори во централи на биогас.
Да потсетиме, откупната цена на електричната енергија, добиена од централите на биогас се зголеми од поранешните 15 на 18 евро центи. До сега во Македонија не се изгради ниту една биогасна централа. За разлика од Македонија, околните држави се повеќе го користат овој вид на обновлив извор на енергија.
Биогас је гасовито гориво кое што се добива по пат на анеоробна разработка на органски материи. Суровина која што се најмногу користи за комерцијално добивање на биогас е отпадот од сточарски фарми, отпадот од прехранбеното производство – кланичен отпад, сурутка, комунален отпад …итн.
Технологијата за добивање на биогас се познати и достапни. Покрај технологијата за производство на биогас, достапна е и технологија која што овој вид на гориво го искористува за добивање на електрична и топлинска енергија. Во ЕУ, произведениот и прочистениот биогас (со поголема содржина на метан) се додава во гасоводната мрежа. Исто така скандинавските држави интензивно го користат биогасот како гориво во автобускиот промет.
Ние како држава не го користиме овој вид на гориво, поточно немаме ниту една изградена постројка која што го произведува биогасот. За разлика од нас, Хрватска веќе има изградено повеќе биогасни централи. Според Хрватската стратегија на енергетскиот развој, таа си постави цел да од земјоделското производство стане значаен производител на енергија – поточно земјоделието треба да произведе околу 100 милиони m3 на биогас.
До сега во Хрватска се изгради осум биогасни централи, кој што се приклучени на електро енергетската мрежа. Вкупната инсталираната моќност на овие централи изнесува 7,135 MW. Се работи за следните централи:
Компанија |
Моќност (kW) |
Osatina Grupa d.o.o. |
1.000,00 |
Bovis d.o.o. |
1.000,00 |
Osatina Grupa d.o.o. |
1.000,00 |
Farma Tomašanci d.o.o. |
1.000,00 |
Veter. Amb. Dvor d.o.o. |
135,00 |
Novi Agrar d.o.o. |
1.000,00 |
Farma muz. krava d.o.o. |
1.000,00 |
Landia d.o.o. |
1.000,00 |
Вкупно |
7.135,00 |
Покрај веќе направените централи на биогас, во процесот на добивање на дозвола и на изградба се уште четири биогасни централи. Се работи за следните проекти:
Носител |
TS 33/2007 |
Моќност (kW) |
TS 63/2012 |
Моќност (kW) |
EnviTec Biogas d.o.o. |
1 |
1.000,00 |
– |
– |
EnviTec Biogas d.o.o. |
1 |
1.000,00 |
– |
– |
BPEL d.o.o. |
1 |
1.000,00 |
– |
– |
Energija Gradec d.o.o. |
– |
– |
1 |
1.000,00 |
– |
3 |
3.000,00 |
1 |
1.000,00 |
4 |
||||
4.000,00 |
Да се надеваме дека новите откупни цени, ќе ги стимулираат инвеститорите да инвестираат во овој вид на обновлив извор на енергија.