Вчерашниот ден помина во знак на два празници – Свети Валентин и Свети Трифун. Вториот празник, е познат како ден на винарите, дата кога се почнува со кроењето на виновата лоза. Како нус производ на оваа аграрна техника се јавуваат лозови прачки, кој што или се палат на лице место (изговор се уништуваат штетниците), или пак завршуваат на диви депонии.
Она што е малку познато е да овие прачки можат да се искористат како гориво – директно или пак како суровина за добивање на пелети или пак брикети. Ние веќе пишувавме за тоа како се добиваат пелетите како и за карактеристиките на пелетите и брикетите како гориво. Во денешниот пост ќе се обидам да го објаснам процесот на добивање на пелети од лозови прачки.
Првин да видиме колку лозови прачки можеме да добиеме од еден хектар од засадена винова лоза? Според некои пресметки, од едно лозово стебло, се добива од 1,5 до 1,8 килограми на зелена биомаса, или пак на 4-6 t/ha на биомаса на годишен ниво. Кај некои други сорти како што се Афуз-алија оваа количество на биомаса се движи од 6-8 t/ha. Овие бројки варираат, како што веќе рековме од зависност на сортата на виновата лоза која што е засадена, како и од временските прилики во сезоната.
Од кога ќе го завршиме орезувањето на лозјето, она што ни останува е да ги собереме лозовите прачки. Тоа можеме рачно да го направиме а можеме да го направиме со посебни машини кој што ги собираат прачките и истите ги балираат (погледнете ги сликите).
Вториот чекор е складирање на овие бали. Од кога ќе ги складираме, тие понатаму идат на ситнење. За да добиеме квалитетен брикет/пелет, прачките мораме да ги иситниме на следни димензии – 10 x 10 x 5 mm. Во текот на ситнењето, со помош на сепаратори се врши елиминација на сите нечистотии, кој што можат да се најдат помеѓу гранките.
Ваков добиен гранулат понатаму иди на пресирање за да ги добиеме пелетите/брикетите. За да добиеме квалитетен брикет/пелет гранулатот мора да исполни неколку услови:
- Димензии 10 x 10 x 5 mm
- Влажност 10-15%
Самата преса мора да ги исполни следните услови:
- Притисок 2.000 – 2.500 kg/cm2
- Температура 120 – 140 oC
Со остварување на овие услови, во пресата се прави така наречено „цедење на лигнинот“ – не е потребно никакво дополнително средство кое што ќе го поврви гранулатот, самиот лигнин тоа го прави.
Која е калоричната вредност на добиените пелети/брикети? Калоричната моќност на овој вид на пелети/брикети се движи помеѓу 4,65 – 4,85 MWh/Mt. Но најдобро да ги споредиме калоричните вредности на различни видови на горива:
1 тон на брикет = cca. 4 prm дрво
1 тон на брикет = cca. 500 l мазут
1 тон на брикет = cca. 400 m3 природен гас
Е сега доколку целиот процес ви се чини комплициран, или пак прескап, вие можете да произведувате така наречен „чипс“ од лозови прачки. Всушност се работи за поголем гранулат 20 x 20 x 20 mm.
Се надеваме дека ви дадовме бизнис идеја или барем идеја за тоа каков вид на греење ќе го користите оваа зима.
Доколку сакате да се информирате во врска со машините за производство на пелети повелете контактирајте не.
4 Comments
milos pajkoski
me interesira KOLKU BI KOSTALA EDNO NAJSKROMNO PROIZVODSTVO SAMO OPREMA
Предраг Стојковски
Почитуван Милош,
Што се однесува до минималната линија за производство на пелети од 500 kg/h таа кошта околу 80.000 евра.
Наша препорака е да си набавите посебен котел за биомаса кој што ќе ги гори прачките или сламата, а не да набавувате машини за производство на брикети или пелети.
Поздрав!
Marina Pashoska
me interesira koja e tocnata smesa na biomasata za proizvotstvo na peleti , i dali vo Makedonija voopsto postoi pogon za proizvotstvo na istite?
Lovro
Vo Makedonija postojat povece pogoni za proizvostvo na briketi i peleti..Masina za proizvostvo na briketi nekogas pravese MZT ( sredinata na 80 destite godini.Mislam deka e odlicna idea posebno za tie koj imat lojza moze da im bide dodaten dobar prihod od briketi ili pileti.Masini ima vo Germanija koja se prikljucuva na traktor i direkno na vo lojzeto prizveduva (mele sitni lozovite pracki) od koj se pravi briketi i ne se tolku skapi.