Се на се, постот кој го напишав пред девет месеци ги постави насоките за заштеда на енергијата во мојот дом, речиси сите ги реализирав освен затоплувањето и ЛЕД телевизорот кој мора да почека подобри времиња.
Првобитниот план ми беше набавка на една + една инвертер клима со цел да се намалат трошоците за ел. енегија. Но ги погледнав и другите аспекти:
- Готвиме на струја – факт, печењето троши многу, иако делумно се користи и природен гас за варење, веќе нема готвење ручек во ефтина тарифа (фала Регулаторна!)
- Топла вода во зима благодарејќи на струја – факт, посебно за 7 члено семејство
- Потребни ни се три простории за фунционирање кои треба да се топлат постојано, собите кај што спиеме и не бараат високи температури
Бидејќи веќе користевме и камин во една од собите, разгледувајќи ги опциите, наместо да купиме две клими, се одлучивме за набавка на екстра камин од Металец – Пелистер Р со вграден систем за централно греење. Идејата беше следна: да се топлат две дневни соби (една со камин, друга со радијатор), една детска (радијатор) и да се топли водата во бојлерот. За вградување на спирала во бојлерот, радијаторите и брзата и чиста инсталација (еден и пол ден) се погрижија од компанијата Термо Монт – Битола (морам да ги линкувам оти навистина добро си ја вршеа работата).
За два дена веќе имавме одлична темепература во собите, топла вода во бојлерот, и топол доручек/ручек :). Навистина ме изненади резултатот, се надевем дека ќе ме изненади и сметката за струја. Бидејќи секоја зима купувавме 6 м3 дрва, овојпат набавивме 9, но од друга страна очекувам сметката за струја да се намали од ланската 12.000 во јануари (или 15.000 според новата цена и тарифа) на пристојни 3.000-4.000денари (со оглед на тоа што се користат интензивно машината за перење и машината за садови).
Од перспектива на инвестиции, вложувањето беше тука некаде колку купување на две инвертер клими. Од аспект на трошоци, мислам дека ќе имаме малку поголеми трошоци од планираното, но комоцијате е малку подобра. Едвај чекам да видам како системот ќе се покаже во студените сибирско-битолски зимски ноќи.
Бидејќи, помалите проблеми ги решивме останува уште најголемиот проблем – ЛЦД телевизор – модел и финансирање 🙂 па чекам предлози (и прилози 🙂 )
2 Comments
Nehat
za lcd-to nabavi fotokeliski paneli i soodvetni akumulatori i resen problem
Pingback: Камини за совршен ентериер - Енергетска ефикасност