Минатата недела зборувавме за ПВЦ и алуминиумска дограма. Тогаш спомнавме дека во посебен пост ќе зборуваме за дограма од дрво. Според прописите од областа на градежништвото, профили од кои што се произведува дограма се класифицира во три групи, а се според коефициентот на топлотна спроводливост:
I група: <0.35 W/mk
- Дрво
- Пластика
II група: 0,35-1,2W/mk
- Топлоизолиран алуминиумски профил – термомост
- Топлотно изолиран челичен профил
III група: 1,2W/mk
- Алуминиум
- Челик
Од гореприкажаните податоци можеме да донесеме заклучок дека дрвото и пластиката се најдобри материјали за дограма, според коефициентот на топлинска спроводливост.
Дрвото, како материјал за изработка на дограма, го класифицираме во четири класи – A, B, C и D. Оваа категоризација е направена според пропустливоста на воздух и вода. А класа е најслаба класа, додека D класа е најквалитетна класа. Оваа столарија од D класа мора да се употребува за оние објекти кои имаат височина од преку осум ката. За други објекти се користи C квалитет. Минималниот квалитет не смее да биде понизок од B класа.
Долг период, дрвото беше единствен материјал за производство на дограма. Основната карактеристика на дограмата произведена од дрво е дека просторот зрачи со топлина и дека го подига нивото на уживање на поголемо ниво. Дограмата произведена од дрво поседува извонредни топлотни карактеристики – 0,14 W/mk. Вкупниот топлотен ефект е поголем доколку имаме и квалитетно изо-стакло.
Поради карактеристиките на дрвото, истото лесно се обработува, така што можеме да нарачаме дограма со специфични димензии. Оштетувањата на дрвената дограма лесно се санираат.
Недостатоци на дрвената дограма се следни:
- Осетливост на влага
- Напад на дрвни штетници
- Завршното бојадисување на столаријата не е трајно, туку мора одвреме навреме да се обновува,
- Трајност 20 години
- Неотпорност на оган
На подолг временски период, дрвената дограма повеќе ќе ве чини за разлика од ПВЦ дограма од едноставна причина – ПВЦ дограмата нема потреба за дополнителна заштита и не мора да биде дополнително третирана ниту одржувана со разни хемикалии. Дрвото е единствен материјал што се репродуцира, но природното дрво не може да ги намири сите потреби. Поради оваа причина, ПВЦ дограмата има предност во однос како на дрвената, така и на алу – дограмата. Да не ги спомнуваме други погодности како што е зачувањето на природната средина.
One Comment
драган
Мојот коментар се однесува на термопроводливоста иннесена по групи, како трговец со производи поврзани со прозорската индустрија до сега не сум сретнал PVC профили со термопроводливост помала од 0,35 W/M2K АРМИРАНО нити алуминиум со Uw<=1.2W/m2K така што авторот треба да си ги провери информациите изнесени во статијата