Кога станува збор за електричната енергија, нејзината “паметна” дристрибуција и “зелено производство” мора да се каже дека уште еден вид на технологија полека си го трасира патот во комерцијално исплатливите системи. Имено станува збор за релативно големите системи за складирање на енергија кои може да се користат дома или во помали бизниси како (резерва) back – up во случај на недостаток на електрична енергија. Покрај тоа важноста на ваквите системи полека добива на уште една важност земајќи во предвид дека обновливи извори на енергија се повеќе и повеќе стануват економски исплатлива опција за производство на енергија. Како последица на интеграцијата на обновливите извори на енергија лесно доаѓа до испрекинато производство и нестабилност во преносната мрежа. Овој вид на недостатоци се пред се типични за соларните и ветерните системи за кои континуираното и еднакво производство на енергија е проблем и во повеќето случаи тешко предвидливо. За таа цел системите за складирање на енергија добиваат на значење се повеќе и повеќе.
Тошиба е компанијата која се подпиша позади еден таков систем за складирање на енергија кој уште во Ноември треба да биди достапен на пазарот во Јапонија а набрзо и во пазарите ширум светот. Неопходноста од еден ваков систем во Јапонија е од голема важност со оглед на брзата транзиција на земјата од нуклеарни централи кон обновливи извори на енергија. Со оваа иновација властите во Јапонија се надеваат дополнително да го забрзаат тој процес и да ја олеснат транзицијата.
eneGoon е името на оваа “голема батерија” која доаѓа со излезна моќност од 6 kVA, што според Тоошиба е рекорд кога станува збор за ваквите системи. Литиумската батерија исто така има голема капацитет кој изнесува 6KW, што според многумина е доста импресивно земајќи во предвид намената. Системот се полни за неповеќе од 5 часа а има моќ да снабдува со енергија: фрижидер, телевизор, компјутер и сите светилки во еден просечен дом цели 12 часа кога е целосно полн.