Една од поактуелните теми во последно време се цените на горивата и како да се заштеди на потрошувачката на гориво. Според многу дизел автомобили или вградување на плински уреди е најекономично. Сепак сведоци сме на тоа дека и цените на дизелот како и на плинот се во нагорна линија и континуирано растат. Иако автомобилите на плин и дизел моторите се нешто поекономични сепак не се ни блиску до економичноста која ја нудат хибридните и електричните автомобили. За автомобилите на струја имаме доста пишувано и за нивната економичност така да овој пост е за хибридните автомобили, нивните перформанси и принцип на работа.
Како работи хибридниот автомобил?
Под хаубата на хибридниот автомобил се наоѓаат два мотори и батерии . Еден од моторите е електричен додека другиот може да биде бензински или дизел мотор. Во зависност од условите автомобиот е придвижуван од електро, бензинискиот или од двата мотори истовремено. Прелазот од еден на друг мотор е комплетно автоматизирано и контролирано од компјутер кој е вграден во автомобилот.
За време на типично возење низ град хибридот е придвижуван од електро моторот при што не се емитуваат издувни гасови и се овозможува потполно тивко возење. Во услови на отворен пат бензинскиот мотор стапува на сцена кој го придвижува автомобилот а кој во исто време ги дополнува батериите по потреба. Во зависност од условите двата мотори работата комбинирано.
Сувбенции за хибридни автомобил
Голем број од европските земји како и Соединетите Американски Држави нудат субвенции и помош при купување на хибриден автомобил. Така во САД благодарение на подршката н а властите може да се добие до $3.500 долари попуст при купување на хибрид, додека во Холандија на пример може да се добие попуст до $7.000 попуст како еден вид на субвенцинирање за купување на еден ваков вид на автомобил. Во Македонија не се нуди никаква поддршка при купување на хибриди или барем ние не сме запознаети со тоа.
Хибриди како такси возила
Хибриди за такси не е нова идеја и е нешто што е прифатено низ многу метрополи низ светот како што се Лондон, Сан Франциско, Чикаго, Ванкувер и др. Имено според градските власти употребата на хибридни такси е одличен начин да се намали загадувањето кое доаѓа од автомобилите во урбаните центри. Нујорк е градот кој предничи во употребата на хибридни такси возила. Во Њујорк веќе е во фаза на имплементација пет годишен план за замена на сите такси возила со хибридни такси возила. Тоа е план на иницијатива на градоначалникот на Њујорк – Мајк Блумберг.
Во Македонија веќе има хибриди кои се нудат за продажба на граѓаните на Р. Македонија.Сепак за тоа кои марки на автомобили нудат хибридни модели на пазарот на нови автомобили во Македонија нема да пишуваме поради некомерцијалната природа на овој текст.