Првата Интернационална конференција на зелената градба (International GreenBuild Conference 2011), која се одржува во организација на „Ecoist“ и од страна на „Национална алијанса за локален економски развој“ („NALED“), ќе се одржи на 24 ноември 2011 година во Белград, Србија.
Создавање на здрави, одржливи простори во урбани средини претставува во исто време економски здрава инвестиција, општествено одговорно управување и во склад е со принципите на одржлив развој на градовите. Првата Интернационална конференција на зелената градба 2011, е настан кој во исто време ќе собере деловни лидери и иноватори, еколошки свесни стручњаци, како и носителите на одлуки во државниот сектор, а сè со цел да се покрене синергија неопходна за побрз развој на зелениот урбанизам во Србија.
Своето искуство во зелената градба, на конференцијата ќе го споделат познатите експерти од оваа област како што се Бојан Ковачиќ, заменик на директорот на Агенцијата за енергетска ефикасност на Република Србија, Ханс Бастер основач и директор на компанијата Витаверде, водечка фирма за дизајн и проектирање на интегрирани природни системи, зелени кровови во Грција, Бини С. Прабхакар, стручњак на холандската компанија Ekofus, Maрк Геро, член на управниот одбор на Хрватскиот Совет на зелената градба, како и голем број на гости од регионот.
Во рамките на Интернационалната конференција на зелената градба, свечено ќе се прогласи и победникот на студентскиот конкурс „Урбани оази“ за најдобро идејно решение за зелени кровови, внатрешни и надворешни вертикални бавчи. Конференцијата ќе се одржи во Тулип Ин Путник хотел, а сите други дополнителни информации, како и програмата на конференцијата ќе ги пронајдете на следната веб адреса: