За да се имплементира концептот на енергетска ефикасност, потребно е да се вложат одредени парични средства. Голем број на домаќинства и претпријатија немаат доволно сопствени парични средства да го имплементираат овој концепт. Но, затоа на располагање имаат голем број на кредитни линии кои се стриктно наменети за енергетска ефикасност. Една од таквите кредитни линии е и кредитна линија за оддржливи извори на енергија преку Македонската банка за поддршка на развој.
Се работи за поволна кредитна линија која има за цел:
- Да се искористат обновливи извори на енергија
- Ефикасно искористување на електричната енергија
- Грижа нза животната околина
- Подобрување на енергетската клима во Македонија
Средствата според намената се поделени на две групи. Кредитна линија за енергетска ефикасност и кредитна линија за искористување на обновливи видови на енергија.
Средствата од кредитната линија за енергетска ефикасност се одобруваат на временски период до 6 години. Максималниот износ на кредитот е до 500.000 долари. Најмалку половина од придобивките од проектот треба да произлезат од заштедата на енергијата која е мерлива. Технологијата за заштеда на енергијата мора да биде добро поткрепена со докази во барањето за кредит.
Кредитната линија за обновливи извори енергија се одобруваат на временски период од 5-10 години, со грејс период максимално 3 години. Максималниот износ на кредитот е до 4 милиони долари. Целната група на оваа кредитна линија се инвестиции во:
- мали (мини) постројки на водена енергија (со капацитет помал од 10MW),
- производство на струја и топлина врз основа на биомаса,
- проекти за греење кои се базираат на вишок на индустриска топлина или обновливи топлински извори,
- проекти за енергија добиена од сонце и ветер.
Овие две кредитни линии се пласираат преку други деловни банки во Р. Македонија.
One Comment
Slobodan
Odlicno! Bas za proektot sto jas go zamisliv za magisterska tema trebaat edno 300 000 evra 🙂