Уште од деведесеттите години на 20 век во С.А.Д постои тренд на градење на куќи од слама. Слободно можеме да кажеме дека овие куќи станаа вистински хит во оваа држава. Она што можеби е зачудувачки, е дека и покрај тоа што до сега поминаа 2 децении овој тренд на изградба на куќи од слама не запира. Зошто е тоа така? Овие куќи се пред се направени од природен, лесно достапен материјал – слама од пред се житни култури или пак од други индустриски билки (лан). Овој материјал поседува одлични технички и изолациони карактеристики, а градењето е брзо и едноставно. Исто така да не заборавиме, објектите направени од слама се долготрајни и го обезбедуваат истиот комфор како и објекти направени од стандардните материјали.
Кога ќе го спомнеме самиот термин, самиот поим – куќа од слама, правата асоцијација или коментар ќе ни биде – па така се градеше уште во средниот век! Тоа е точно, но се градеше и гради и во 20 век. Но зошто да градиме куќи од слама, кога имаме нови, современи и евтини материјали? Бидејќи сме ексцентрични, носталгични, сентиментални или можеби поради фактот да она што е добро не треба да го отфрламе. Постои голем број на предрасуди кои што се поврзани за овие куќи – можат лесно да се запалат, исполнети се со глувци, стаорци и други штетници, не се стабилни…итн.
Да сламата лесно може да се запали, но исто така и хартијата можеме лесно да ја запалиме. Но да ли покушавте да го запалите телефонскиот именик или некој бизнис адресар, доколку се тие затворени? Инсектите и другите штетници можат да ја населат секоја термо изолација доколку истата не е заштитена. Што се однесува до стабилноста/нестабилноста на овие куќи….доколку верувате во приказната за волкот и трите прасиња тогаш овие куќи се навистина нестабилни. Но денес во нестабилноста и нефункционалноста на куќите направени од слама, веруваат само градители кои што немаат елементарно познавање на основните градежни материјали.
Во овој и во наредните текстови ќе ги прикажеме искуствата и советите на градење на куќи од слама, кои што се добиени во Северна Америка. Ова е поради фактот, што нивното искуство е големо и потврдено на голем број на објекти кои што се изградени и функционираат во потешки климатски услови од оние кои што се во Македонија. Во С.А.Д. слама, поточно балите од слама, е прифатен како градежен материјал со извонредни карактеристики. Се подразбира дека овој материјал мора да ги има сите потребни сертификати и спецификации како и секој друг материјал, поточно мора да ги исполнува строгите критериуми и барања во поглед на безбедноста, противпожарната заштита, трајноста како и други битни градежни карактеристики.
Како што спомнавме во текстот, градењето на куќи од слама, подразбира користење на слама од житни култури како и слама од други индустриски билки како што се лан или коноп. Димензиите на балите се одредени со стандардното форматирање на овие бали во С.А.Д. се: 46×35/40×80/120cm или 53x40x90/120cm. Во последно време се користат и бали со поголеми димензии – 1x1m; 1×1,2m; или 1,2×1,2×2,4m, кои што тежат и до една тона! Исто така можат да се користат и бали кои што имаат поинаков облик. Во С.А.Д. е овозможено користење на дополнително компримирани бали кои што можат да издржат притисок до 4MN.
Во наредниот текст повеќе за другите карактеристики на овој градежен материјал
Извор: Build magazin
One Comment
дејан
дали знаете некој во македонија да изградил ваква куќа, или има ли некој архитект што се разбира од вакви градби/?