Бугарија планира да изгради гасовод за транспорт на норвешки гас од Романија, најави бугарскиот претседател Росен Плевнелиев во изјава по завршувањето на Самитот на НАТО во Чикаго.
Плевнелиев нагласи дека за оваа тема станало збор на неговата средба со норвешкиот премиер Јенс Столтенберг одржана на маргините на Самитот.Бугарскиот претседател потенцира дека норвешкиот природен гас сега преку гасоводен систем доаѓа до Романија, па затоа на средбата со Стотенберг станало збор за прашањето за изградба на систем за дистрибуција на енергенсот и во Бугарија.
Плевнелиев истакна и дека можностите за диверзификација на енергетските извори била тема на разговор и на неговите средби со претседателите на Турција и Грузија, Абдула Ѓул и Михаил Саакашвили. Бугарија сега речиси целосно е зависна од рускиот гас, па властите во Софија последниве години прават напори за изнаоѓање на нови извори на природен гас.
Извор: СИТЕЛ