Како што веќе знаете, класичните светилки заминаа во историја, барем кога се работи за пазарот на ЕУ. Ние, делумно и нашите соседи, се уште ја имаме „привилегијата“ да можеме да пазариме класични светилки. Но кога и да е и кај нас ќе дојде време кога изборот на светилки ќе падне на така наречени штедливи и ЛЕД светилки.
Штедливите светилки (CFL) полека но сигурно стануваат се поевтини и се поквалитетни, но со времето ЛЕД светилките стануваат се појака конкуренција – како ценовно, така и по квалитет на осветлувањето и по животниот век. Така на пример штедливите светилки имаат животен век од максимум 10.000 часови, додека ЛЕД осветлување има дупло поголем век на користење.
Каде можеме да ги пазариме ЛЕД светилките
Најлесен начин е да купувате во специјализирани продавници за осветлување, по можност да се званични дистрибутери/застапници на познати светски брндови, како што се Филипс, Осрам и слично.
Доколку се одлучите да пазарите преку eBay, специјализирани кинески страници кој што продаваат електронски уреди или пак преку домашни интернет страни за огласување, нашиот совет е да внимавате што пазарите. Ви прилог на оваа е и водичот на пазарење на ЛЕД светилки објавен на eBay, кој што вели дека одредени светилки кој што се нудат на оваа страна не даваат соодветна светлина, или пак не се квалитетно направени, со што се намалува нивниот животен век. Во еден збор – „колку пари толку и музика.“
Доколку веќе одлучивте да купувате преку eBay, анализирајте ја репутацијата на оној кој што ги нуди светилките, читајте ги коментарите на посетителите. Гледајте дали производот кој што се нуди има некој ознака на квалитет (CE) или само обична ознака дека производот ја помина контролата („Q.C. passed“).
ЛЕД светилки од реномирани производители
Доколку зборуваме за брендирани производители, автоматски можеме да претпоставиме дека доколку производот е поскап, тоа е и поквалитетен – подобро осветлување, подолг векот на користење итн. Но тестирањата, кој што се направени на штедливите светилки, покажаа дека брендираните светилки не гарантираат поквалитетен производ. Специјализираниот интернет портал CleanTechnica, пишуваше дека поголем дел на ЛЕД светилки кој што се во моментот нудат на пазарот, имаат светлосна искористеност од 40 до 50 лумени по еден ват, додека штедливите светилки имаат светлосна искористеност од 50 до 75 лумени по ват, што значи дека штедливите светилки трошат помалку електрична енергија.
Но поради фактот дека ЛЕД светилките имаат поквалитетно осветлување и дупло подолг животен век, ние Ви препорачуваме да издвоите повеќе пари и да го пазарите овој вид на светилки. Со нас се согласува и германскиот ÖkoTest, додавајќи го и фактот дека со текот на времето паѓа нивото на осветлувањето.
За крај сакаме да нагласиме, дека развојот на ЛЕД технологијата напредува секој ден, така да веќе сега можеме да купиме комерцијални ЛЕД светилки, со искористеност кој што е поголема од 90 лумени по еден ват. Така на пример Филипс успеа да произведе ТЛЕД (tube LED) светилка, која што има искористеност од дури 200 лумени по еден ват!
Извор: Zelena energija
One Comment
Petar
Имате мала грешка во уводниот дел каде се зборува за векот на траење. Точно е дека штедливите светилки имаат околу 10.000 работни часа, но ЛЕД светилките имаат пет пати подолг работен век, а не само дупло. Тоа е уште еден показател дека иднината е кон овие светилки и згора на тоа може да се додаде фактот дека CFL светилките се штетни по здравјето и околината. Истото важи и за неонското осветлување бидејќи заедно со CFL работат на ист принцип.
повелете: https://www.designrecycleinc.com/led%20comp%20chart.html