Јапонската компанија Тошиба е позната пред се по одличните лап топи, телевизори, апарати за фотографирање и сл. Сепак компанијата се одлучила за развој во една сосема нова насока.
Реакторот е доволен за напојување на една зграда, едно мало соседство, мал бизнис или воопшто сите оние кои не се задоволни од услугите кои енергетските компании им ги пружаат.
Според компанијата системот е целосно автоматизиран и е целосно елиминирана можноста за прегревање. Споредено со традиционалните системи овој систем нема потреба од рачки за стартување на реакцијата. Новата револуционерна технологија која е вклучена во овој реактор се базира на употребата на течен литиум 6 во резервоари. Имено литиум 6 е изотоп кој е ефективен во апсорбцијата на неутрони. Резервоарите се поврзани со вертикална цевка која влегува во јадрото на реакторот. Според луѓето во Тошиба целиот процес е самоодржлив и е предвидено да трае 40 години. 5 центи за киловат час е цената на енергијата произведена од нивниот нуклеарен реактор. Покрај Тошиба и други компани почнаа да се занимаваат со развој на мини нуклеатрни реактори. Повеќе информации за нивните мини домашни нуклеарни реактори на следниот линк.
2 Comments
Дејан Спасески
Сугестија: тргнете го линкот за бришење десно од сликата.
Green
Ново мото:
Под всяка детска градина – мини ядрен реактор.
Само в розовите сънища на ядрените мечтатели..