About the author

Игор Мишевски

Магистрант на оджлив развој, дипломиран електро инженер со искуство во енергетската ефикасност и одржливиот развој!

Related Articles

4 Comments

  1. 1

    Нено Богдан

    Инфографиката е за жал, малку залажувачка.

    Оти, целта на градбата на енергетски објекти не е да се ствараат работни места, туку да се произведува енергија. Или да се штеди таа (што де факто е исто како да се произведува, оти a penny saved is a penny earned)

    Значи, споредбата би требало да биде нешто во стилот: со давање на 40 милијарди долари се добива една нуклеарна централа која за 30 години ќе создаде на пример, 300 милијарди киловат-часови струја (во цената се вградени и трошоците за одржување и за ураниумот), а со давање на 40 милјарди долари ќе се направат енергетски ефикасни 5 милиони домови, што за 30 години ќе потрошат помалку отколку што би трошеле без ефикасноста, вкупно 310 милијарди киловат-часовои струја. (или ценовен еквивалент во гас, мазут…)

    Вака, инфографиката а несериозна. Со истиот принцип на резонирање, би можело да се „докаже“ дека не треба да се купуваат багери или камиони, туку лопати и вреќи, оти така повеќе работници ќе бидат потребни за копање т.е. повеќе работни места ќе се отворат:-)

    Нешто на таа тема имам пишувано тука: https://blogatash.wordpress.com/2012/01/19/♦-дoбиeho-и-и3губeho/

    1. 1.1

      Игор Мишевски

      Почитуван Нено,

      Инфографиката е превземена од друг сајт (кој е наведен во натписот). Инаку целата корелациа беше, дека наместо да се гради нуклеарна централа, треба да се штеди во енергија. Ти благодарам на коментарот

      Поздрав

  2. 2

    Нено Богдан

    Ијјјј, ама си брз 🙂

    Знам дека е од друг сајт, инаку да беше твоја, на македонски ќе беше.

    Туку, пак стои забелешката. Навистина би требало да се направи и во Македонија таква компаративна пресметка. Во врска со да речеме, дали да дадеш 4.000 евра за да го изолираш домот, или тие исти 4.000 да ги дадеш за фотоволтаици. (струја што ќе ти даваат)

    Која инвестиција побрзо ќе ти се поврати, преку некупување на струја од ЕВН, било преку нетрошење толку многу струја (изолација) или сопствено производство на значаен дел од струјата што ја трошиш (со фотоволтаици)?

    Мислам дека една таква анализа, со убава графика се разбира, би ја објавиле и во некој весник (на пример Фокус, каде јас сум колумнист) каде би добила поголема експонираност темата.

    Мислиш ли дека таква една анализа би можел да зготвиш?

    1. 2.1

      Игор Мишевски

      Нено,
      Фала на забелешката, ќе пробаме да направиме компаративна анализа на повратот на инвестиција и да направиме таков инфографик (ова за соларниве системи – фотоволтаици е интересно).
      Поздрав

Comments are closed.

2018 Powered By Wordpress, developed by Nova Solutions internet marketing agency