Веќе е извесно дека подолго време нема да гледаме автомобили на електричен погон на македонските патишта. Факт е дека повеќето автомобили кои се придвижуваат на електрична енергија чинат барем десетина илјади евра повеќе од останатите, а и со тоа се скапи за просечниот македонски купувач. А и мора да се земе предвид дека тешко се наоѓа половен автомобил на струја од увоз (како што е тренд). Така што, тешко дека ќе ги видиме е-автомобилите на македонските патишта со македонски таблици, иако има доста хибриди во Македонија.
Еве еден пример од Хрватска како за мали пари да се добие еден ваков автмобил. Имено, инженерот Роман Сајка од Загреб од стар трабант изработил автомобил кој е придвижуван од електрична енергија. За помош го искористил пред сè интернетот и благодарение на многуте ентузијасти кои се интересирале за проблематиката, а кои биле спремни да го споделат своето знаење тој започнал со реализација на својата идеја. Инспирација нашол од списанието „Сам свој мајстор”, во кое во детали било опишано фичо кое е придвижувано од електричен мотор. Така тој започнал со трансформација на Трабант 601.
Првото нешто кое го направил е набавката на Trabant 601 Standard. Моторот е изваден и на негово место е поставен електромотор со максимални 2200 вртежи во минута. Поради високата цена на новите електромотори, тој се одлучил за стар еднонасочен мотор (45V 7,5 KW 197A) кој дотогаш бил користен за придвижување на виљушкар од марката Индос. Се работело за три години стар електромотор кој во денешни пари би бил некои 100 евра. Елетромоторот бил во добра состојба и немало никаква потреба од дополнителни поправки.
Сепак, следниот проблем со кој се соочил за малку да не го осудил цел проект на пропаст. Поради недостатокот на информации, а и немањето од каде да набави управувачка електроника, Роман Рајко за малку се откажал од целиот проект. Ја напуштил реализацијата на овој проект сè до 2007 година кога благодарение на интернетот и на ентузијастите кои му помогнале тој одново тргнал во реализација на старата идеја за изработка на електричен автомобил.
Поради скапата управувачка електроника (контролерите), задржан е стариот менувач. Иако тоа е паметен потег во смисла на безбедност, сепак со класичнииот менувач трабантот не може да развие поголема брзина од 60 km/h, додека со друг прилагоден менувач би можел да развие и до 100 km/h.
Акумулаторите биле исто така предизвик, но единствено поради нивната висока цена. Така, тој повторно се одлучил за користени Power Safe 6V 160 A акумулатори. Вградени се вкупно осум акумулатори кои тежат вкупно 280 кг. Секој од нив тежи по 35 кг. И повторно кога дошол при крај со работите имал проблеми со набавка на контролерот. Тука тој потрошил најмногу средства, така што за нов контролер Altrax 4845M 24-28V 400A морал да издвои 250 евра.
Вака конфигуриран трбантот можел да помине 50 км возење низ град со едно полнење, додека на отворено каде нема премногу застанување речиси 100 км. Полначот на акумулаторите е надворешен и спојувањето со акумулаторите е со класични кешти. Во план е изработка на вграден полнач како акумулаторите би се полнеле од кое било место со наизменичен 220V напон.
Технички карактеристики
Мотор: сериски еднонасочен 45V DC
Снага: 10 KS
Менувач: рачен. 4 брзини
Акумулатори: 8x6V 160Ah
Потрошувачка: 15,36 kWh на 100 km
Опсег: 50 km
Најголема брзина: 60 km/h
Цена: околу 3.000 EURA
Емисии на CO2 = 0
4 Comments
ilko yonkov
БРАВО!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
това е цена като за народа,аз също си мисля за този вариант с трабанта,но мисля да използвам всичко необходомо,от една транспалетна електрическа количка,те са на достъпни цени,дано се получи
Игор
Се е супер само емисијата на ЦО2 зависи како е произведена струјата… Нели?
Ако е произведена во термо централа???
Се зезам… Текстов е супер… Тера на размислување, а тоа е она што нас ни треба…
Ентузијаст
Би било ли подобро да нема менувач и наместо тоа да се користи електричен мотор со повеќе вртежи?
И спрема денешнава цена на бензинот и струјата излегува околу 1 литар на 300 км.
Беспари возење 🙂
ismail
Navistina izleguna kako so 1l benzin da pominuva 300Km. Trabantot ima lesna sasija. Koristenje na DC motor ima svoi prednosti i maani. Sepak jas preporacuvam vektorski upravuvan AC kafezen elektomotor.. Kako Renault Kangoo kako sto imaat Bugarite:
httpss://www.youtube.com/watch?v=CKNkdm_KoV0&index=10&list=PLB49BD769FFFD9E73