За тоа како функционира и кои се основите на соларниот оџак веќе имаме пишувано. Генерално гледано ова е добар и чист начин за производство на енергија при тоа на ниеден начин да се влијае врз околината. Друга големи предности кај оваа технологија е тоа што е релативно едноставна, надворешните услови не се пресуден фактор, соларниот оџак работи сам без потреба од ангажирање на персонал, горивото е бесплатно, има долг век на траење а може да работи и ноќе. Цената за изградба на еден ваков соларен оџак во голема мерка е одредена од цената на земјиштето и цената на градежните материјали.
Главниот недостаток кај ваков вид на централа е нејзината неефикаснот во претворањето на соларната енергија во електрична која изнесува 2 до 3%. Остатокот се губи како последица на неколку влијанија. Главните губитоци се случуваат поради неколку фактори како што се раштркување (експанзија) на воздухот пред да дојди до турбината, температурни падови на температурата на одредени висини, топлински губитоци (воздухот кој излегува низ оџакот е над надворешната температура на таа висина) и др.
За подобра ефикаснот на оџакот се предлага подобрена изолација на самиот оџак со двојна обвивка на стакло со низок фактор на емисија како и вградување на интегриран топлински изменувач долж неговата должина. Топлиот воздух се крева од соларниот колектор при тоа придвижувајќи ја турбината. Остатокот од енергијата потоа се пренесува на надоаѓачкиот воздух во топлинскиот изменувач. Со тоа би се добило ефикасност до 95%. За работа целиот процес нема потреба од пумпи кои би го придвижувале воздухот. Целиот процес се одвива со помош на гравитацијата. Со споменатите надградби како на сликата главниот губиток ќе зависи од тоа колку ефикасен регенератор сме конструирале. Со една ваква надградба речиси и да се дуплираат почетните трошоци но сепак се очекува сето тоа се компензира со зголемената ефикасност на соларниот оџак.