Во претходниот напис на оваа тема нагласивме дека при купување на нов апарат за домаќинство, секогаш треба да го избереме оној од енергетска класа А.
Денес ќе ви дадеме неколку совети за тоа каков тип и со колкав капацитет на електичен уред да купите, во зависност од вашиот дом и колку луѓе живеат во него.
Фрижидери и замрзнувачи
Изберете фрижидер кој одговара на потребите на вашето семејство.
Семејство | Препорачан капацитет |
1 лице |
100 – 150 l |
2 – 4 |
220 – 280 l |
> 5 |
до 300 l |
При купување, предност давајте им на оние уреди кои ја имаат опцијата “defrost”, односно автоматско одмрзнување.рачно ќе мора да го одмрзнувате само комората за длабоко замрзнување. Исто така, обрнете внимание и на работната течност со која работи фрижидерот. Изберете таков кој работи со течност што не го уништува озонот и не влијае штетно на околината, како R600a.
Фрижидерите од А+ класа трошат 30 – 42 %, а од класа А++ помалку од 30 % од енергијата што ја троши фрижидер од D класа. Новите фрижидери, освен поефикасен компресор, имаат и подобра изолација и подобро им дихтува вратата, со што дополнително се зголемува нивната ефикасност.
Шпорети
При купување на шпорет одберете го оној кој има можност за готвење на гас, без оглед дали има градска гасоводна мрежа или треба да купувате боца. Гасот е еколошки поприфатлив енергент од електричната енергија, а времето на готвење е пократко и полесно се регулира температурата.
Машини за миење садови
Современите машини за миење садови за едно миење трошат од 15 – 28 литри вода и 1.1 – 1.8 kWh електрична енергија. Најнапредните машини трошат само 14 l вода, што е заштеда на вода за 80% во однос на рачното миење на садови. Денешните машини се и за 70 пати потивки од оние произведени пред 30 години.
Најголема заштеда ќе направите ако машината ја приклучите на доводот за топла вода наместо за ладна, бидејќи најмногу енергија се троши за загревање на водата. Ова посебно важи доколку водата ја загревате со сончев колектор. Исто така, машината вклучувајте ја само кога ќе се наполни со садови, и тоа распоредени онака како што препорачува производителот.
Машини за перење
Во последните 10тина години машините за перење навистина станаа понапредни, па така потрошувачката на вода е намалена од 110 литри на 50 – 60 литри, додека потрошувачката на енергија од 2 kWh падна на0,95 kWh. Затоа, доколку имате стара машина за перење, размислете да ја замените за нова – сигурно ќе ви се исплати!
Одберете машина која одговара на вашите потреби и користетеја во согласност со упатствата и препораките од производителот.
Микробранова печка
Микробрановите печки се поефикасни од обичните бидејќи штедат енергија заради пократкото време на припремање на храната. Заштедите можат дабидат и до 50%, и тоа за подготвување на мали количини на храна, а посебно за подгрејување.