Продолжуваме со текстот во врска со природните изолациски материјали. Во минатиот текст зборувавме за природната волна и целулозата како изолациски материјали.
Памук, коноп и лен
На истиот начин како што се произведуваат изолациските плочи од природна волна се произведуваат изолациските плочи од овие природни материјали. Овие изолациски материјали се особено интересни бидејќи Македонија има традиција во производство на истите.
Рециклиран текстил
Старата облека можеме да ја рециклираме и да произведеме одличен изолациски материјал. Не е важно дали е облеката од памук, волна или полиестер. Изолациските плочи од рециклирана облека содржат во себе 80% од рециклирана облека, додека 20% е полиестер. Иако во себе содржи полиестер оваа изолација не е сосема природна, но е еколошки прифатлива бидејќи се произведува од отпад и може одново да се рециклира за производство на нов изолациски материјал.
Слама
Сламата претставува нус производ од земјоделското производство. Таа има мошне голем потенцијал во градежништвото. Сламата може да се искористи на два начини – како основен градежен материјал или како изолациски материјал. Како изолациски материјал се користи за изолација како на надворешната страна на ѕидот така и како внатрешна изолација. Недостаток на сламата како внатрешна изолација е во привлекување на глувци како и на инсекти.