На порталот повеќе пати зборувавме за различни видови на дограма, нејзините карактеристики, како и за тоа на што треба да внимавате кога купувате ПВЦ дограма. Денес со вас ќе споделам еден текст кој што го најдов на еден хрватски интернет форум, а за кој што сметам дека ќе биде од корист кога се одлучувате за купување на нова дограма.
Имено се работи на класификација на различни производители, кој што се класифицирани според германските калкулативни листи, според кој што еден ист прозорец има три различни цени а се врз осно на тоа од кој е произведен. Постојат три групи на производители кој што се рангирани според квалитетот на нивните прозорци.
1. Veka, Rehau i Kömmerling
2. Aluplast, Brugmann, KBE, Tysen
3. Salamander, Trocal, Decunick, Dimex и други
Некогаш број еден производител на прозорски профили во Европа, Kömmerling во последните 5-6 години е во криза и застана со развојот. Купен е од страна компанијата Trockal кој што спаѓа во група на полоши производители.
Производителот Veka според квалитетот и квантитетот на своето производство, претставува светски лидер. Според информациите кој што се споделени на форумот, конкретно на хрватскиот пазар се увезува профил кој што се екструдира во Полска и кој што не ги задоволува високите ЕУ стандарди на квалитет и се наменети за источно европскиот пазар, а поради поедини компоненти на овие профили, овој профил не може да се ни увезе во Германија.
Rehau е најголем светски производител на пластични полимери, а што се однесува на прозорските системи прв во Европа. Имаат организирана дистрибуција во сите балкански држави. Што се однесува за хрватскиот пазар кој што се споменува во форумската дискусија, овој производител дистрибуира исклучиво профил екструдиран во Германија.
Што се однесува до оковот кој што е составен дел на прозорските профили, треба да внимавате истиот да биде поцинкуван со шестовалентен цинк (некој овој цинк го нарекуваат титан) што претставува најквалитетна заштита.
Најголемиот производител на оковите е Roto (најголемиот дел на асортиманот е оков за дрвени прозорци), додека најголемиот производител на оковите кој што се наменети за ПВЦ дограма компанијата Siegenia.
Оригиналниот текст можете да го прочитате во целост на следниот линк:
4 Comments
дограма
И според тази информациите която аз намерих всичко което сте споделили почти е вярно.Ако искаме да ни бъде топло особено през зимнит месеци е добр еда се застраховаме с подобн дограма, струва си всеки лев, който ще дадем, все пак няма да слагаме нова дограма всяка година а я слагаме с надеждата да е за доста години на пред.На пазара има голям избор даже прекалено голям избор и все от качествени фирми, само трябва да се спрем на най добрата за нас.
Lazar
Колку е квалитетна Wintech PVC дограма за дома?
Предраг Стојковски
Здраво Лазар,
Немаме информации во врска со квалитетот на Wintech дограма. Доколку најдеме информации, истите ќе ги споделиме на сајтот.
Поздрав!
Лазар
Повекето од работите што ти имате напишано се однесува за ПВЦ профили што се продаваат во Хрватска. Но дали истото важи и за нашиот пазар во Македонија и од каде би можеле да знаеме?