Во Геманија започна со изградба првата „жива“ зграда во светот. Позната како BIQ (Building in quality) зграда, таа користи подвижни панели со микроалги за да генерира енергија, топлина и да прави сенка.
Овие панели се дизајнирани да можат да се вклопат во фасадата на која било постоечка зграда, така што кога сончевата светлина паѓа врз нив, во микроалгите започнува природен процес на фотосинтеза и тие започнуваат да растат.
Ова значи дека зградите стануваат динамички, живи инструменти чија био-прилагодлива фасада реагира на зголемената сончева светлина со правење сенка и генерирање на енергија која може веднаш да се користи или да се складира во батерии.
Ова инвентивно решение се одликува со три специфични фази во работата:
- Прво се апсорбира топлината од сончевото зрачење. Со тоа се спречува нејзино навлегување во зградата воопшто, а таа топлина потоа се користи за напојување на зградата.
- Второ, растечките микроалги блокираат дел од сончевата светлина да продира во зградата со што се намалува отсјајот, а со тоа се создава попријатна атмосфера во просторијата.
Овие два процеси исто така ќе имаат влијание и на системите за климатизација и вентилација.
- Трето, зрелите (пораснати) микроалги се збираат како биомаса и се користат за произведување на енергија за напојување на зградата, со што се добива чист и обновлив извор на енергија.
Конструкцијата на оваа зграда е заснована на победничкиот проектот на минатогодишниот натпрева за Дизајн на следната генерација на магазинот Метрополис. Според проектот, се предвидува од алгите да се добива енергија која би задоволувала 10% вкупните потреби на една стара зграда во Лос Анџелес.
Прототипот на новата зграда ќе биде спремен за демонстрација на Меѓународната градежна изложба во Хамбург, Германија во 2013 година.
Дотогаш, се очекува проектантите да излезат со поконкретни бројки, особено во делот со количината на произведена енергија, како ќе влијае овој систем на зградата во целина, како и да се прикаже односот меѓу вака добиената енергија и онаа вложена за добивање на овие панелите со алги.
One Comment
Александар
Искрено доста иновативен концепт.
Со зголемување на осветлувањето (сончево) алгите ќе се множат и ќе блокираат поголем дел од светлината.
Проблем е само како умрените алги ќе се филтрираат од системот (барем од оваа гледна точка како читател)
Исто така проблем е статичкиот притисок кој треба да го издржат панелите, како и дополнителната тежина (мртва тежина) која треба да ја понесе зградата.