Шведска се соочи со еден голем проблем – нема ѓубре! Во поедини делови на оваа држава воопшто нема ѓубре. Голем број на нашите читатели ќе речат тоа не е никаков проблем тоа е одлично чиста држава, чисти градови, блазе си му на Швеѓаните фини културни луѓе…..Но ѓубрето во Шведска претставува огромен ресурс како за добивање на електрична енергија, така и за добивање на други горива.
Оваа држава е принудена да увезува ѓубре од соседната Норвешка, за да ја продолжи својата програма на производство на електрична енергија за преку илјада домаќинства. Ефикасниот систем на сортирањето на отпад и ефикасниот систем на рециклирање на истиот, резултира да само 4% од вкупниот отпад кој што се создава во оваа држава завршува на депонии. Уште пред 22 години, поточно уште од 1990 година, Шведска применува сеопфатен систем кој вклучува примена на закони, соработка со бизнис секторот и промена на свеста кај луѓето, а се со цел општеството да стани еколошки одговорно.
Сопствениците на индустриските погони мораа да го сортираат отпадот. Државата постави такси и забрани за одложувањето на отпадот на депонии и постави неколку цели во областа на рециклирањето на отпадот. Резултатот на овие мерки е дека повеќе од 90% од отпадот кој што го создаваат домаќинствата завршува како енергент, поточно ѓубрето се користи за добивање на електрична енергија, како и за производство на биогас.
Од 2005 година, во Шведска е забрането депонирање на органскиот отпад на депонии. Наместо депонирање, ѓубрето се користеше за добивање на компост, биогас и ѓубриво. Големи количества на отпад се користи за добивање на електрична енергија, по пат на еколошки прифатливи процеси. Со оваа еколошка политика депонирањето на отпадот на депонии е намалено од 1.380.000 тони во 1994 година на 380.000 тони во 2004 година!
Како Македонија мака мачи со неадекватно депонирање на отпадот и истиот го имаме преку глава, еве одлична извозна прилика за македонско стопанство!
One Comment
Александар
Проекти на овој принцип има и во Македонија уште од 2001-ва година. Со кланици на пример и типови бактерии кои најефикасно го катализираат процесот. Проблемот е што треба да се едуцираат оние кои ги носат законите.