Уште додека учеше во гимназија, најдобриот пријател на неговиот татко му рече:„Ако си вистинскиот, направи нешто да не мораме купуваме гориво за зима“. Идејата на Ференц Цсервенк созреваше со години, а ја реализира пред да замини во пензија. Дипломираниот инженер на градежништво, овластениот судски преведувач за унгарски јазик и стален судски вештак за градежништво, се водеше со мисла дека „сонцето е почеток и крајот на се што постои“. Бидејќи е овластен и за енергетско сертифицирање на објекти, на својата куќа постави сончеви колектори со кој што ќе ја грее својата куќа која што има 160 метри квадратни. Колекторите се поставени на јужната страна на куќата.
„Минатата година го поставив првиот ред на сончевите колектори и веќе заштедив илјада литри на мазут“ – изјави инженерот Цсервенк.
„Колекторите, логично ги поставив на јужната страна на куќата, а во дворот зад куќата ќе го поставам резервоарот со волумен од 22 кубици. За да ги намалам топлинските загуби, резервоарот го обложив со термо изолација – 20 cm дебела минерална волна. Поставените колектори ја загреаја водата до 70 степени Целзиусови. Водата почнав да ја греам на први јули. Бојлерот е сместен во посебна просторија, која што дополнително ќе биде изолирана за да ги намалам топлинските загуби.“
„Резервоарот го пазарив, додека се друго сам го имам изработено. Се вкупно ме кошташе околу 2.300 евра. Следното што планирам да направам е да пазарам фотонапонски панели за производство на електрична енергија.“
„Големите системи за греење нема да ми бидат потребни. Наредната година 99% ќе бидам енергетски независен. До сега инвестирав околу 13.000 илјади евра, но ако пресметате колку ќе платите за струја, гориво, без разлика да ли се греете на јаглен, мазут или на дрва, јасно е дека инвестицијата ќе се исплати.“
„Според мои пресметки, водата треба да има температура од 90 степени Целзиусови, за да ја греам куќата во зимските месеци. Луѓето размислуваат за овој вид на греење, но сепак немаат доволно храброст или пак доволно пари за да ја искористат сончевата енергија. Се обидев да ги убедам моите пријатели да ја искористат сончевата енергија, но некој од нив поставија неколку колектори за догревање на водата, топлината не ја акумулираат“
„Од минатата година па до денес не потрошив ниту една куна за топла вода, а заштедив и околу илјада литри на мазут, иако во функција беа само 15 сончеви колектори, а не го имав направено резервоарот за топлата вода. Како цените на енергенсите растат секоја година, се надевам дека и другите ќе го следат мојот пример, а јас ќе им помогнам со моите совети.“
Извор:domivrt.vecernji.hr
3 Comments
Gjorgi
Почитувани,
Ми треба помош,информација,консултација и сл. во врска со енергетска ефикасност на објект кој треба да започнам да го градам во мар месец.Објектот е деловно-стамбен.Локацијата е на граничниот премин Богородица.
Однапред благодарам
Ѓорги
Trajce
Dali e mozno rezervoarot od 22 m3 da se postavi vnatre vo zemjata( da se iskopa), spored mene toa bi imalo pogolema izolacija.
Lovro
Super resenie , samo jas pak bi dodal izolacija zemjata e otprilika 12-14stepeni zagreana i lete i zime mozda bi bilo interesno resenie da se dodade toplinska pumpa , treba da se presmet.