Додека цената на бензинот и останатите горива во земјава вртоглаво растат, а граѓаните сè повеќе размислуваат да ги остават автомобилите настрана, стружанецот Димче Шипинкароски со својот изум, систем за адаптирање на возило да работи на вода, може возењето да го направи економски поисплатливо. Со помош на хидролиза, водата се претвора во запаллив гас.
„Со еден литар вода можат да се поминат околу 2.000 километри со што овде возилото не се адаптира целосно да работи на вода, туку водата произведува гас, односно водород и кислород кои стимулираат да дојде до тотално согорување на нафтата или бензинот во зависност од тоа на што работи автомобилот.“
Во зависност од возилото, потрошувачката се намалува од 40 до 80%. Овој систем економистот Шипинкароски пред еден месец веќе го вградил во неколку негови автомобили. Ова ауди порано трошело 7,5 литри нафта на 100 километри. Сега е доведено до само 3,5 литри.
„Како што гледате звукот на моторот е далеку помал. Кога ја ставам во лер, колата скоро и да не се слуша. Автомобилот исто како да е згаснат. Моторот работи многу подобро, бучавоста е намалена. Стартноста е од 30 до 50% побрза отколку кога беше само на нафта.“
Eкипата на Алсат денеска ја имаше таа несекојдневна прилика, по струшките улици да го проба движењето со овој еколошки и економски исплатлив автомобил.
До Институтот за пронајдоци во Скопје веќе е поднесено барање за патентирање на изумот. Димче очекува дека за него ќе се заинтересираат и големи автомобилски компании, а оние кои веќе слушнале за него пројавиле интерес да го вградат во своите автомобили. По очекуваното добивање на лиценцата, ни вели овој пронаоѓач, тоа ќе чини нешто повеќе од 1.000 евра.
Мики Трајковски
Преземено од: АЛСАТ
6 Comments
Анонимен
Хидролизата преку такнаречената Џоева ќелија е нешто што веќе е познато https://www.google.com/search?sourceid=chrome&… . Проблемот што ниту една од компанијата нема да посака да изгуби контрола на енергенсот (бидејќи реално ќе бидат на удар големи компании и влади). Со среќа нека му е на Димче Шипинкароски, но мое мислење е дека нема да има реализација преку големите автомбилски куќи.
Борче
Идејата е супер.Ова кружи на интернет неколку години и сеуште не е патентирано (веројатно страв од енегетските компании). Не се работи за Џоева ќелија, туку за многу поедноставен систем за добивање на водород и кислород со помош на електролиза на вода. Со среќа нека му е на Димче. Треба да знае дека има уште таки вградени системи во МК. Само напред.
Marko
Губите кредибилитет со вакви статии, поради неефикасноста на електролизата водород е само неефикасен носител на енергија. Алтернаторот не може да создаде доволно водород за да ја придвижи колата бидејќи за таа работа треба надворешна енергија. Инаку целиот бизнис со водородни коли е само уште една глупост на нафтената индустрија, скоро целата индустрија за водород зависи од фосилни горива за негово создавање, бидејќи сеуште електролизата не е толку ефикасна.
Игор Мишевски
Марко, благодарам што го следиш нашиот блог, како што можеш да видиш дека артиклот е во целост превземен од АЛСАТ телевизија, без промена на текстот. Инаку мое лично мислење е дека создавањето на водород не е директно поврзано со фосилните гориви бидејќи можат да се употребат и обновливи извори на енергија.
Marko
Кола на вода не е еднакво на кола на водород. Разликата е во тоа што за да се направи водород од вода е потребно количество енергија, при што водородот станува носител на енергија. Мислам дека големите компании ја туркаат водородната технологија бидејќи и така ќе имаат енергенс кој ќе го продаваат, а еден од најефикасните процеси за добивање водород е од фосилни горива. Најсмешно е што ветуваат дека ќе можеме да го продаваме „вишокот енергија“, кое не е економски исплатливо поради законите на физиката.
Инаку сите други статии ви се одлични :). Го прочитав целиот блог вчера. Поздрав.
Dejan
Deka se najde tolku pameten Struzanec be pa tolku falenje napisi na youtube HHO pa vidi so se ke najdes za toa a toa e tocno deka najmalku 50 % se namaluva potrosnata.Kakvi elektrodi -gluposti samo zemas celicna sajla i od nea praves generator i moze bes problem obicna vova od cesma i sol-na 1l-2lazicki sol i ,,fuces,,…
Deka be Struzanite ispadnaa najpametni koga toa se koriste 50 godini u sveto