Во денешниот пост Ви ги претставуваме 5 најдобри зелени иновации, кои што ја обележаа 2011 година.
Микроби како органско ѓубриво
Во целиот свет се трошат околу 180 милиони тони на азотни ѓубрива. Голем дел на овие ѓубрива се сливаат во водените текови – реки, езера, океани. Поради овој факт во океаните е забележен пораст на бројот на алгите кои што го убиваат водениот свет. Микс од повеќе од 30 различни видови на микроби кои се содржани во препаратот кој што се нарекува Forage boos можи да ја елиминира употребата на азотните ѓубрива. Овие микроби ги заменуваат микробите кои што исчезнаа од земјата поради претераната употреба на вештачки ѓубрива. Употреба на овој препарат ја зголемува брзината на растењето на тревите за околу 20% во однос на стандардните ѓубрива. Цената на овој препарат изнесува околу 10$ за еден литар. Повеќе информации на сајтот на произведувачот на овој препарат
Препарат кој што го убива смогот
Титаниум диоксид е средство кое што обично се употребува како пигмент во пастите за миење на заби, како и во препарати за заштита од сонцето, но исто така може да се употребува како катализатор за разлагање на загадувачите на воздухот. По 10 години на активно истражување, компанијата PURETi произведе спреј кој содржи нано-честици на титаниум диоксид. Доколку го нанесеме спрејот на која било површина – фасади, патишта… ќе ги намалиме загадувачите на воздух за околу 50%.
Лична ветерна турбина
Луѓето ретко ја користат енергијата на ветерот. Постојат неколку причини за ова, но најголемата пречка за користење на мали ветерни турбини е поради големата бучава на ветерните турбини и поради неефикасност на истите.
Компанијата Honeywell произведе нов ветерен генератор кој што има сосема друг пристап. Имено, магнетите се поставени на врвовите на сите 20 елиси кои што поминуваат низ прстен направен од бакарен калем и на таков начин ја произведуваат електричната енергија. Поради ваков дизајн овој генератор може да генерира електрична енергија и при ветар со брзина од 3km/h. Овој генератор за разлика од други генератори, не произведува високо ниво на бучава и може да произведи околу 1500 kWh на електрична енергија на годишно ниво.
Но, цената на овој ветерен генератор е демотивирачка – 5795$ + инсталација
Соларен филм на екраните на мобилните телефони
Wysips е името на првиот соларен филм кој иако е скоро невидлив, може да произведува енергија. Тенките траки на соларните ќелии можат да се додадат на скоро секаков вид на материјал – стакло, пластика, текстил. Доколку овој филм го поставите на монитор на Вашиот лаптоп истиот можете да го користите околу 30 минути.
Уред кој што нѝ предлага кој апарат да го исклучиме
Овој уред е еден од најлесните начини да ја намалите потрошувачката на електрична енергија во Вашиот дом. Кога еднаш ќе го вклучиме, овој уред ги пресметува енергетските потреби на Вашиот дом . После неколку недели уредот ќе ви предложи распоред на вклучување на Вашите апарати. Уредот чини околу 50$