Веќе подолго време со намалувањето на фосилните горива трае дебатата кој вид на енергија ќе го заземи местото на конвенционалните извори на енергија чија основа се фосилните горива. До скоро нуклеарната енергија беше првиот избор на многу енергетски експерти. Меѓутоа после случувањата во Фукушима енергијата произведена од нуклеарните централи стана доста поризична и со тоа доби нова повисока цена која изнесува 0.20 евроценти по киловат час. Идните нуклеарни централи ќе мора да задоволат мошне високи безбедносни стандарди кои сами по себе се значителен фактор во формирањето на цената од нуклеарна енергија.
Цената на енергијата од соларна енергија е уште поголема од таа на нуклеарната енергија и изнесува во просек 0.18 евроценти по киловат час. За пример во Германија таа цена е 0.18 евроценти додека во јужниот дел на Европа енергијата која доаѓа од соларните паркови чини 0.10 евроценти. Третиот извор на енергија кој засега според сите параметри предничи пред сите други е ветерот. Според Германските истражувачи цената на енергијата добиена од ветро парковите изнесува 0.07 евро центи по киловат час. Така да не треба да биди толку чуден податокот дека во ветерна енергија е вложено значително повеќе одколку во останатите видови на енергија. Податок кој најдобро го одсликува ова е оној на Европската Асоцијација За Ветерна Енергија (EWEA) според која досега се инсталирани ветерници со капацитет нешто поголем од 100 гигавати ширум Европа.
Така според EWEA овие 100 гигавати вeтерници произведуваат еквивалетна енергија колку што би и произвеле 62 термоцентрали, 52 гасни централи или 39 нуклеарни централи. За растот на инсталираните постројки на ветерна енергија низ годините во Европа најдобро се гледа од следнот графикон:
За тоа докаде е Македонија на полето на енергија добиена од ветер познато е на сите. Засега има само најава за градење на ветро парк од страна на ЕЛЕМ, како и на некои други надворешни инвеститори кои од некои причини сеуште ги немаат реализирано своите најави за инвестирање во овој дел од енергетиката.
6 Comments
Snezana
Makedonskata vlada napravi ogranicuvanje na povlastenata tarifa za veterna energija na 60MW do 2016g. Od ovie 60MW ELEM ima 45MW, pa za ostanatite investitori ostanuvaat 15MW (ili na primer 3 veternici od po 5MW za cela drzava). Nitu eden stranski investitor nesaka da go gubi svoeto vreme za nepovolni investicii vo Makedonija koga vo druga drzava bi mozele direktno da investiraat i vo 100MW proekti.
Za zal politickite igraci vo Makedonija ne se nakloneti kon solarna i veterna energija!
Александар
Не е практично да се влезе со еден тип на енергија на голема врата.
Најпрво нов тип на извор е, па треба време да се види како ќе се однесува. Второ кај нас цената на ветерната енергија е 0,89 еуро центи, а не 0,07.
Во случај да е 0,07 нека се даде повластена цена од 0,07 и отворени врати за инсталација на колкави сакаат ветерни паркови.
Поентата е што ние моментално увезуваме струја по 0,75 – 0,8 еуро центи.
По сегашната цена која е +30% од бројката која ја декларирате значи дека неможе народот да плаќа 30% повеќе за нешто што го добива 30% поефтино со увоз.
Александар
мала исправка во нулите…
…. нас цената на ветерната енергија е 0,089 еуро центи, а не 0,07…..
…..Поентата е што ние моментално увезуваме струја по 0,075 – 0,08 еуро центи…
Aleksandar Atanasovski
Мала исправка…..ако го прочиташ текстот ќе видиш дека не се зборува за тоа колку Македонија плаќа за произведен киловат енергија од ветерна енергија. Нулите се на место, се е официјален податок кој може да се најде на веб страната на Европската Асоцијација За Ветерна Енергија (EWEA), имаш и линк во текстот. слободно искористи го.
Aleksandar Atanasovski
Не се сложувам со тебе дека не е практично да се даде зелено светло за градење на ветерници во Македонија. Ова не е повеќе нова технологија, веќе се е познато околу ветерниците и енергијата која ја произведуваат, и затоа масовно низ светот не само во Европа се вложува во неа. Од тие причини не гледам некој проблем за нејзино искористување. Единствен лимит е преносно-дистрибутивната мрежа која прашање е колку би била стабилна со приклучени на неа голем број на ветерници со голем капацитет. Тоа е техничко прашање кое допрва треба да биди разгледано. Покрај овој лимитирачки фактор има и други “административни пречки” кои стојат на патот на развојот и имплементацијата на ветро постројките на територијата на Р. Македонија
Александар
За нешто да биде стара технологија треба барем една генерација ветерници да се промени. Тоа не се случило до сега.
Новите ветерници според некои истражувања покажуваат и до 20% послаби перформанси од предвидените, тоа не е мала бројка.
Колку ќе држи мрежата е прашањето кое ќе го одговорат локалните стручњаци кое повторно налага дека тоа е нова технологија кај нас.
Во секој случај потребен е голем производител кој ќе ги компензира промените во мрежата, колку голем и какви механизми се треба да се употребат не сум стручен да одговорам.