Неодамна двата автомобилски гиганти ги претставија на јавноста своите електрични автомобили. Американскиот производител започна со производство на Focus Electric во својата фабрика во Мичиген, за кој во Форд велат дека ќе биде првиот електричен автомобил за 5 лица кој со капацитет да помине растојание еквивалентно на 100 милји по галон (милји по галон еквивалентно е единица што се користи во САД за споредба на растојанието кое можат електричните автомобили да го поминат трошејќи еквивалентна количина на енергија како еден галон гориво, во случајов тоа би било 2.3 литри на 100 километри).
Focus Electric ќе поседува и технологија за побрзо полнење со која, според тврдењето на компанијата, автомобилот ќе се полни двојно побрзо од Nissan LEAF на 220-240V приклучок.
Форд ќе ги додаде и C-MAX Hybrid и C-MAX Energi plug-in Hybrid на својата гама, кои треба да бидат конкиренти на Prius v и Hybrid plug-in на Тојота, во поглед на економичност на гориво, што значи дека Форд ќе има хибрид, plug-in хибрид и потполно електричен автомобил да им понуди на купувачите. Со новата линија на автомобили Форд ќе станат најголемиот производител на хибридни мотори во Северна Америка.
Во меѓувреме, шведскиот производител Волво најави дека неговиот V60 plug-in хибрид, кој треба да излезе во продажба наредната есен, е технолошки најнапредното возило некогаш направено. Од Волво ветуваат дека plug-in хибридот ќе има автономија од 50 km само од батериите и емисија на CO2 од 49g/100km. продажбата на новиот V60 ќе започне наредната 2012 година по цена од околу 57000 евра, во зависност од пазарот.
Од Волво нагласуваат дека првично планираат да произведат 1000 автомобили од кои 30% ќе бидат наменети за Шведска и останатиот скандинавски пазар, а потоа да го зголемат производството на 4000-6000 возила.