Продолжуваме со туторијалот за изработка на соларен или што би рекле некои од нашите читатели – сончев колектор за топла вода. Денес ќе зборуваме за тоа како да ги направиме „крилјата“ кои што ќе ја апсорбираат сончевата топлина. За да го изработиме овој дел на соларниот колектор ќе нѝ биде потребна една бакарна плоча со димензии 2000 х 1000 mm. Оваа бакарна плоча ќе ја искористиме за да ги добиеме крилцата која што ќе ја апсорбираат сончевата топлина и истата да ја пренесат на цевките.
Алатите кои што ќе нѝ бидат потребни се:
- Ножици за лим
- Ракавици
- Рамна турпија за метал
- Паста и калај за лемење
- Црна мат боја
- Четка за бојадисување
- Метална волна
- Чекан
- Специјален калап за лим
- Други алатки
Пред поставување на лимот истиот треба да го измериме за да провериме дали димензиите на плочата се соодветни. Друг чекор е да ги пресметаме потребните димензии на бакарните крилца. Тоа ќе го пресметаме со помош на следната формула:
Следно што треба да направиме е да е ја обележиме бакарната плоча според добиените димензии на бакарните крилца. Откако ќе го направиме ова, истиот лим треба да го исечеме. Кога го правите ова обавезно носете заштитни ракавици.
Кога ги направивме овие посебни крилца, истите треба дополнително да ги обработиме. Имено, на средината на овие крилца треба да направиме една линија каде што цевките треба да легнат.
Откако ова ќе го направиме, треба овие крилца да ги споиме со цевките. Ова ќе го направиме со помош на лемилица. Пак ќе нагласам, доколку немате искуство со лемење, најдете некој кој ќе ви помогне. Доколку не најдете, ова е идеална шанса да ја научите оваа техника.
Последниот чекор во оваа операција е лакирање на овие крилца со црна мат боја. Ја лакираме/бојадисуваме онаа страна на лимот која што ќе биде свртена кон сонцето.
*Текстот и сликите се преземени од следната брошура: Приручник уради сам соларни колектор