Не се радувајте пред време, нема да ви се зголемат пензиите или платите за 7%. Кажете драгичка – Регулаторната комисија за енергетика предложи од 01/01/2012 година да се зголемат цените за електрична енергија.
Според претседателот на РКЕ, Димитар Петров, се предвидува зголемување на 6.67% на цената на производство на електрична енергија на ЕЛЕМ, 4,03% за увоз и ладна резерва. Да не биде дека само на ЕЛЕМ му се дозволува зголемување на цените, на МЕПСО му се дозволи да ги зголеми цените за пренос на енергијата за 14,14%. Исто така и на ЕВН му се одобри зголемување на цени за 9,64%. Сума сумарум, крајните корисници на електричната енергија од 01/01/2012 ќе имаат поскапа цена на електрична енергија за 6.95 %, да заокружиме на 7%.
Но, покрај одлуката дека ќе се зголемат цените на електричната енергија, ниту една од гореспомнати компании не се задоволни со одлуката. Според Димитар Петров, приговори стигнаа и од ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО. ЕВН и МЕПСО веќе доставија барање за дополнително испитување на трошоците за увоз како и за трошоците на загубите кои што треба да влезат во финалната цена на електричната енергија.
Како било, ќе имаме незадоволни од сите страни. Купувачите кои што се незадоволни од зголемената цена на електричната енергија, а од друга страна енергетските компании кои што се незадоволни од процентот на зголемување на цената на електричната енергија.
4 Comments
Игор
Моментално цената на електричната енергија на светскиот пазар е 140-150 evra/MWh, додека со новото покачување кај нас изнесува 92 evra/MWh.
Што значи дека сеуште не сме ја достигнале пазарната цена (обврска која што ја превземавме да ја исполниме до 2015г. со договорот кој државата го има потпишано со европската енергетска заедница), и сеуште не очекуваат поскапувања.
Затоа луѓе размислувајте за рационално користење на енергијата, таа е роба, како и секоја друга (да, да како лебот и млекото) и си има своја цена, која е се` повисока!
Devil
Игор, сето тоа убаво дека сакаат да поскапи струјата
но дали нашиот сегашен стандард со 15.000 плата би дозволил толкаво поскапување, да во европа е 140-150E за MWh но таму платата не е 15.000 денати него 15.000 евра 🙂
и тоа за ним не претставува многу голем трошок, да е трошок, но за разлика од нас тие тоа го чувствуваат многу поблаго
пр. ако сега јас сум плаќал 6000 за струја тоа се 100Е, од тие мои 300E
значи мене ми остануваат само 200 евра за дополнителните трошоци кој ги имам во текот на месецот, каде е храната тука, каде е облеката ?!
да тој од европа плаќа 500Е, ама него пак му остануваат 14.500 за живот, а се она кај нас што е прилинчо скапо (како што е храната) кај нив е многу поефтина, така да од сите пари тој што ќе ги земе него и вишок му остануваат
а ние треба да бараме од овде од онде да се „подзакрпиме“ малку за да го поминеме месецот
затоа кога би го кренале стандардот малку повеќе кај нас, нека ја кренат и струјата за ел. енергија
а не вака на жими мајка, викаат просечна плата била 30.000-40.000, незнам јас кај гледаат кој колку зема кај нас, ама таа не е реална плата
Игор
Девил јас потполно те разбирам.
Меѓутоа излагањето ти е премногу емотивно, а бизнисот не знае за емоции, единствено за профит.
ЕВН Македонија е приватна компанија, таа се раководи по принципот на што поголема заработувачка и воопшто не ја интересира нашиот стандард (буџет).
Поентата ми е со лелекање и споредување со „фамозниот“ запад не го решаваме проблемот, кога тогаш судбината ќе не стигне. Ако јас и ти немаме, има многумина што имаат и нив не им е проблем да платат, и единствено тие спаѓаат во групата за „грижа за корисници“.
Решението е во мудро размислување и паметни чекори (мерки за енергетска ефикасност), во спротивно ќе се вратиме 100-тина години назад.
Анонимен
Игор,
Јас само да те дополнам, бидејќи тие 7% зголемување се и поради ЕЛЕМ и МЕПСО, не само ЕВН, кои во овој случај се 100% државна сопственост. Несакам да ги бранам ЕВН, но во сите случаи вината се префрла на ЕВН, која генерално ја наплаќа дистрибуцијата до крајниот сопственик (т.е. граѓанте од нив ги добиваат сметките).
Инаку се согласувам со тоа дека полека ќе се изедначи цената на струјата, но тоа треба владата добро да го испланира, со соодветни мерки.
Поздрав